Фитнес експерт тврди: Стомакот може да се израмни без вежбање!

Променете ги навиките

Секој понекогаш има фази на прејадување што првенствено се гледа на стомакот, но фитнес-експертот Сем Вуд вели дека постои лек за тоа дури и без вежбање, со воведување на 6 нови животни навики и промени во исхраната.

Рамен стомак без вежбање? За многумина звучи како сон, но можно е, вели австралискиот фитнес-експерт Сем Вуд, кој тврди дека диетата и начинот на живот се повеќе одговорни за маснотиите во стомакот отколку тренингот, што ги зајакнува мускулите, но не може да „стопи маснотии”.

Иако вежбањето секогаш се препорачува, ако после долги фази на подесување во јадење и пиење забележите дека половината ви е заоблена, обидете се да го намалите стомакот на 6 ефективни начини.

Ослободете се од алкохолот

Повеќето луѓе имаат омилен алкохолен пијалак со кој можат да се релаксираат, но редовното консумирање високо-калоричен алкохол има штетен ефект врз изгледот на стомакот.

– Алкохолот е непријател на слабеењето и докажано е дека го зголемува складирањето на маснотии. Ако сакате да изгубите тежина или да ја намалите половината, целосно елиминирајте го алкохолот некое време, или ограничете се на максимум 1 до 2 чаши неделно за да видите резултати – истакнува Вудс.

Елиминирајте ги рафинираните јаглени хидрати и преработените шеќери

Ако сериозно размислувате за намалување на маснотии во стомакот, тогаш треба да ги елиминирате рафинираните јаглени хидрати и преработените шеќери, тврди Вудс. Преработените шеќери се наоѓаат во многу слатки задоволства, а главни виновници се шеќерот од карамела и трска, кои се скриени во готови десерти во големи количини.

Примери на рафинирани јаглени хидрати вклучуваат пица, тестенини и бел леб.

– Овие состојки придонесуваат за лошо здравје на цревата и често се богати со калории. Кога се обидувате да го намалите стомакот, префрлете се на интегрални намирници“, вели Вудс.

Фокусирајте се на здравјето на цревата

Здравјето на дебелото црево е поврзано со целиот спектар на работи, од тоа како чуваме маснотии, колку се стабилни нашите нивоа на гликоза и како ја обработуваме храната. Сем вели дека треба да обрнеме внимание на здравјето на цревата ако сакаме да ја изгубиме телесната тежина најефикасно. Исхраната богата со влакна, како и пробиотична храна како јогурт и кисели краставички може да помогнат.

Помалку стрес

Луѓето го обработуваат стресот на различни начини, но кај некои кои се под стрес може да резултира во прејадување што на крајот доведува до зголемување на телесната тежина. Стресот предизвикува нашите тела да ослободат адреналин и кортизол.

Ако сме под стрес, ние исто така спиеме помалку добро што значи дека имаме малку енергија и веројатно ќе сакаме храна богата со шеќер.

Сем вели дека намалувањето на нивото на стрес е клучно ако сакате да изгубите тежина и им препорача на луѓето да експериментираат со различни типови техники за намалување на стресот.

Намалете го внесот на јаглехидрати 

И покрај тоа што никогаш не е паметно да се елиминира целосно група на храна од вашата исхрана, Сем вели дека намалувањето на јаглехидратите е одличен начин за губење на тежината затоа што го принудува телото да добие гориво од некое друго место, што обично се залихите со масти.

Проверете го внесот на калории

Многу луѓе мислат дека имаат добра исхрана заснована на здрава храна, но не се свесни за количината што ја јадат, како и за вкупниот број потрошени калории. Најдобар начин за намалување на непотребните калории е да се намалат порциите и да се воведат почести оброци, што ќе го забрза метаболизмот и ќе има позитивен ефект врз изгледот на стомакот.

Прочитајте и: Генетика, хормони и метаболизам – главните „соучесници“ за губење масни наслаги

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.