Домашен мелем за јаки и здрави нокти: Потребни ви се само овие две состојки за да го подготвите! (РЕЦЕПТ)
Зајакнете ги вашите нокти на сосема природен начин.
Ако сакате долги и силни нокти, мора да се грижите за нив на вистински начин. Ако се борите со кршливи и лушпести нокти, испробајте го ова целосно природно решение.
Сè што треба да направите е да изгмечете чешне лук и да го истриете на ноктите, да го држите околу половина час, а потоа да ги измиете рацете. За да помогнете да се ослободите од мирисот, ставете малку лимон и истријте го на рацете. Овој популарен зеленчук се покажа како многу моќна алатка за зајакнување на ноктите.
Може да направите и мелем за нокти, во кој случај ќе ви треба едно чешне лук и половина шише безбоен лак.
Подготовка:
Ситно исецкајте го лукот и ставете го во безбоен лак. Оставете да отстои 48 часа. Потоа можете да користите.
Секој втор ден, ставете еден слој и така натаму 5 пати. После тоа, извадете го лакот и повторете друга серија. По околу 10 дена, ноктите треба да бидат многу посилни.
Прочитајте и: За време на домашен карантин: Третмани за убавина што треба да ги испробате веднаш
ФОТО: Getty Images