Дали знаевте дека можете сами да направите хидратантна пена за бричење? Имаме рецепт!

Брзо и едноставно без штетни состојки

Ако не сте љубител на восочна депилација, паста од шеќер или епилирање, веројатно сте се задржале на стариот добар брич и пена за бричење.

Но, факт е дека многу купени пени за бричење можат да содржат штетни состојки како алкохол, парабени или разни парфеми, а со тоа и да ја дехидрираат кожата. Хидратацијата е една од клучните елементи кога користите брич редовно бидејќи ја омекнува кожата и му овозможува на жилетот подобро да се придржува на влакната. Токму од овие причини, баравме резервен метод и откривме одличен – можете да направите домашна хидратантна пена за бричење. Без грижи, тоа ќе биде исто толку ефикасно како и купената и има дополнителни средства што не се штетни.

Како да ја направите?

Состојки:
¼ чаши основно масло (кокос, бадем или маслиново)
¼ чаши нерафиниран шеа путер
1-2 лажици алое вера или 15 капки есенцијално масло (по избор)

Постапка:
Измешајте ги шеа путерот и маслото од кокос со електричен миксер додека формулата не се комбинира целосно, а потоа додајте ги изборните состојки. Вашата текстура мора да биде кремаста, без никакви парчиња. Кога ќе завршите, нанесете тенок слој на нозете и продолжете со нормалната рутина на бричење. Мијте го бричот многу добро откако ќе завршите, така што жилетните страни не се „затнуваат“ и уживајте во вашите мазни и хидрирани нозе.

Прочитајте и: Дерматолозите откриваат што никогаш не би ставиле на своја кожа: Овој сапун не доаѓа предвид и заборавете на гел-лак!

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.