Дали сте подготвени за шик летен маникир?

5 „откачени“ тренда

Интензивни бои, необичен дизајн, многу светки и лажни скапоцени камења… Ноктите оваа летна сезона се тотално „луди“! Затоа ви предлагаме пет откачени тренда.

1 Ако се определите за интензивна боја и за украси, ноктите не смеат да бидат многу долги. Најмногу милиметар-два.

2 Кожа-боја или црвена се секогаш добредојдени, но оваа сезона модерни се земјени тонови – темнозелена и сите нијанси на сива и на кафена.

3 При рака секогаш нека ви биде мејкап-четкичка. Натопете ја во ацетон и со неа поминете по работ на ноктот – најдобар начин да ги исправите грешките.

4 Принтот на ноктите е мегатренд и ова лето. Налакирајте ги ноктите со златен или со кафен лак. Потоа, со лак со посветла кафена нијанса, употребувајќи го само врвот на четкичката, направете неколку точкички. Накрај, урамете ја секоја точка со црн молив за нокти. Дали ви се допаѓа вашето ремек-дело?

5 Познатите личност често ја изразуваат својата личност преку своите нокти. Затоа, набавете си личен уметнички прибор, кој треба да содржи вештачки нокти во разни бои, лепило, украси, стапчиња и проѕирен лак за нокти.

Текст: Т. Богунова

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.