Дали квалитетниот сон е брз пат до вита става?

Дали знаевте дека квалитетен сон е исто така пат до убав изглед?

Истражувањата покажуваат дека луѓето кои не спијат доволно генерално имаат проблеми со прекумерна тежина.

Ова значи дека луѓето кои редовно спијат немаат проблем со вишок килограми, покажа најновото истражување. Квалитетниот сон е основа на убавиот изглед, а луѓето кои не спијат доволно или спијат во различни периоди секој ден, не треба да бидат изненадени од фактот дека имаат масни наслаги по целото тело.

Студија направена во соработка со 300 жени на возраст од 17 до 26 години во период од неколку недели, покажа дека оние кои го земаат предвид ритамот и бројот на часови што ги поминуваат во длабок сон имаат најмал процент на маснотии.

Резултатите покажаа дека жените кои спијат помалку од шест или повеќе од осум часа имаат поголем процент на телесни масти, но и склоност кон дебелеење, што се случува поради нарушената рамнотежа на хормоните во организмот.

Спротивно на тоа, жените кои секогаш одат во кревет во исто време имаат витка линија и помалку маснотии во телото, но и помалку шанси да добијат тежина во иднина.

Затоа, за да си обезбедите квалитетен сон, внимавајте редовно да ја проветрувате просторијата, но и да ја одржувате темна и тивка.

Прочитајте и: Докажано: Млекото ги разградува мастите после тренинг

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.