Дали е паметно да се отстрануваат влакната од интимните делови на телото?

Митови за срамните влакна

Според една студија, многуте срамни влакна можат да активираат страст бидејќи се полни со фермони – соединенија кои предизвикуваат сексуална возбуда и се привлечни за спротивниот пол.

Срамните влакна штитат од сексуално преносливи болести

Всушност, спротивното е точно – срамните влакна можат да бидат легло за бактерии, така што не е точно дека тие штитат од сексуално преносливи болести при допирање кожа на кожа.

Влакната го прават сексот поудобен

Тоа варира од жена до жена. Многумина веруваат дека срамните влакна го намалува триењето помеѓу нозете. На некои жени им треба посилна, а на некои послаба стимулација за да дојдат до оргазам, но тоа нема никаква врска со срамните влакна.

Бојата на срамните влакна е иста како и бојата на косата

Ова е уште еден мит во кој многумина веруваат. Срамните влакна често имаат иста боја како веѓите на жената, но како косата многу ретко.

„Грмушките“ не се привлечни

Всушност, тоа зависи од партнерот – на некој му се допаѓа шума, а на некој пустината. Всушност, според една студија, многуте срамни влакна можат да активираат страст бидејќи се полни со фермони – соединенија кои предизвикуваат сексуална возбуда и се привлечни за спротивниот пол.

Срамните влакна никогаш не престануваат да растат

Срамните влакна престануваат да растат кога ќе достигнат одредена должина. Експертите велат дека должината варира од личност до личност и се движи од околу 1,30 до 5 сантиметри.

Жените со чувствителна кожа не треба да ги отстрануваат влакната

Всушност, сè што треба да направите е да го прилагодите методот за отстранување на влакна на вашиот тип кожа. На пример, ако вашата кожа е чувствителна, треба да се избегне отстранување со восок, наместо тоа изберете крем или отстранување со жилет.

Прочитајте и: Домашна нега: Како да го отстраните гел-лакот (ВИДЕО)

 

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.