„Бадем“ ноктите се летен хит! Еве неколку маникири што можете да ги испробате

Облик што ќе го одбележи ова лето!

Ова лето, „бадем“ ноктите се хит. Исто како што сугерира името, формата потсетува на овој јаткаст плод, и одговара на долгите и кратките нокти.

Кајли Џенер и Селена Гомез веќе уживаат во маникир на „бадем“ нокти, а ние ви претставуваме некои од нашите омилени кога станува збор за дизајнирање „бадем“ нокти.

Апстрактна уметност

Апстрактниот маникир е одличен начин за експериментирање, особено ако сте уметничка душа. Совет е да ги нацртате посакуваните линии и форми со четка преку голата основа. И, најдобро од сè, можете да играте со бои.

Розов „француски“ маникир

„Бадем“ ноктите не би можеле да бидат посовршен избор за розов „француски“ маникир. Тоа е мала промена на традиционалниот дизајн, а резултатот е беспрекорен и многу трендовски!

Поле со јагоди

Овие кратки нокти се забавни, необични и уникатни. Вистински летен дизајн! Со сето тоа, ќе ви одговара со овошниот додаток кој е хит ова лето.

Прекрасни пастелни нијанси

Пастелните бои само извикуваат „лето, лето“! Па, зошто да не ги испробате овие нијанси на вашите нокти?

„Смајли“

Кој не сака да гледа среќно лице? И замислете го овој дизајн на вашите нокти: лице кое ви се насмевнува додека сјае на летното сонце. Има ли нешто поидеално за ова лето?

Прочитајте и: Испробајте маникир со летни мотиви!

 

ФОТО: Instagram

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.