Ако ве мачи тоа како ќе се појавите летово во бикини, учете од моделот Клаудија: Гордо ги покажува вишокот килограми!

Нејзе ѝ е супер

Клаудија Флоранс е модел со прекумерна тежина и е жив доказ за тоа дека не треба да се срамите од своето тело

Многу жени имаат панични напади пред летната сезона поради задникот што се опуштил, целулитот што се насобрал во текот на зимата, опуштените стомачни мускули или вишокот килограми. Многу жени, но не и Клаудија.

Таа е модел со вишок килограми и на својот инстаграм-профил редовно објавува фотографии и видеа во најразлични модни комбинации, но оние што особено привлекуваат внимание и предизвикуваат коментари се нејзините слики во бикини.

Имено, Клаудија воопшто не се срами од своето тело, па ни од видно покрупните нозе на кои има изразени наслаги од целулит, а кожата и мускулите се опуштени и млитави.

Клаудија го носи секое бикини како да е Алесандра Амброзио, и покрај својата тежина и градба – не ја симнува насмевката од лицето, гордо шета на плажа и позира пред камерата и фотоапаратот.

Дали ова е вкусно и естетски привлечно или не – и дали би требало на овој начин  да се пропагира гојазност, оставаме да одлучите вие.

Погледнете некои од нејзините видеа…

Вистинската жена има целулит и вишок килограми: Овие дами целосно го променија модниот свет!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.