Ставете го вашето здравје на брз тест! Што зборува вашиот изглед?

Откријте!

Меѓу вашиот изглед и здравствената состојба постои нераскинлива врска. Експертите велат дека одредени трансформации во надворешниот изглед може да укажуваат на некои подлабоки промени во организмот. Затоа, ставете го вашето здравје на брз тест!

Кожа

ТЕСТ: измијте се наутро и избегнете употреба на препаратите за нега по востановениот редослед. Еден час подоцна притиснете парче чисто хартиено марамче на делот меѓу веѓите и проверете дали постојат мрсни траги на него. Во Т-зоната на лицето е најголема концентрацијата на лојните жлезди. Истата постапка повторете ја еден час пред да си легнете. Ако повторно забележите мрсни траги на марамчето, можеби не станува збор само за мрсен тип кожа.

РЕЗУЛТАТИ: забрзаното лачење себум може да биде последица на хормонална нерамнотежа во организмот. Доколку и менструалниот циклус не ви е редовен или ви се појавила влакнавост на неочекувани делови на телото (над горната усна и на брадата), задолжително проверете го хормоналниот статус.

РЕШЕНИЕ: во зависност од резултатите на хормонската анализа, лекарот ќе ви одреди соодветна хормонска терапија. Покрај тоа, последиците од прекумерното замастување на кожата можете да ги ублажите со употреба на матирачки хидратантен крем. Наш предлог: хидратантна нега Effaclar Mat, која го регулира лачењето себум, La Roche-Posay.

Делот под очите

ТЕСТ: отспијте барем осум часа – за време на викендот, на пример. Ако во понеделник наутро повторно имате темни кругови околу очите, неопходно е да направите ревизија на исхраната.

РЕЗУЛТАТИ: темните подочници може да укажуваат на анемија, а отеченоста на капаците укажува на задржување течности во ткивата, најверојатно поради прекумерно консумирање сол. Кога се јадат многу солени намирници, а не се пие доволно вода, тогаш течноста се задржува во телото – најмногу во пределот под очите.

РЕШЕНИЕ: доколку ве мачат темните подочници, направете анализа на крвта (комплетна крвна слика) и проверете дали анемијата е можна причина за овој проблем. Доколку навистина се потврди недостиг од железо, лекарот ќе ви пропише соодветна терапија. Генерално би требало да го зголемите консумирањето намирници богати со минерали, како брокули, прокељ и зелен листен зеленчук. Што се однесува до отеченоста под очите, најдобро е физички да се активирате. Шетајте со брз чекор, прескокнувајте јаже – тоа ќе го стимулира лимфниот систем да го елиминира вишокот течности од организмот. Додека ги постигнете овие резултати на природен начин – со коригирање на исхраната и со практикување физички активности – камуфлирајте ги темните подочници со коректор. Наш предлог: течен коректор Aura Correct Me!.

Непца

ТЕСТ: насмевнете се широко гледајќи се во огледало и проверете го изгледот на непцата. Ако се здрави, тогаш нивната боја се движи во распон на розови нијанси. Темноцрвена или модра нијанса во коренот на забите може да укажува на воспалителен процес.

РЕЗУЛТАТИ: забниот камен, кој се формира од масата бактерии во усната празнина, е основен причинител на воспаление на непцата (гингивитис). Кога ќе се појави воспаление, приливот на крвта во непцата се зголемува и поради тоа се појавуваат отеченост и црвенило. Меѓутоа, овој воспалителен процес не е ограничен само на усната празнина. Несоодветната орална хигиена условува акумулирање штетни бактерии, кои може да се шират во организмот и да предизвикуваат чести воспаленија во телото, вклучувајќи ги и зглобовите, па дури и срцето.

РЕШЕНИЕ: освен миење на забите двапати на ден и стоматолошки преглед на секои шест месеци, секојдневното чистење на интерденталниот простор со забен конец е од круцијално значење за одржување на здравјето на непцата. Наш предлог: паста за заби Forhans Puro Spicy Cannella (shop.depileve.mk).

Нокти

ТЕСТ: нанесете лак колку што можете поблиску до коренот на ноктот на палецот (изберете нијанса што ви се допаѓа, бидејќи ќе го носите долго време!). За да утврдите со какво темпо ви растат ноктите, не отстранувајте го лакот еден месец. Утврдено е дека здравите нокти растат околу 3,5 мм на месечно ниво.

РЕЗУЛТАТИ: бавен раст? Причина може да биде лошата циркулација. Заблуда е дека нотките мора „да дишат“ преку надворешната површина, како што тврдат оние што сметаат дека нанесувањето лак е штетно. Ноктите се исхрануваат со кислород и хранливи состојки преку крвотокот. Здравствените состојби, како што е Рејноовиот синдром – кој се карактеризира со собирање на артериите при студ и стрес – нарушена функција на лимфниот систем, па дури и седентарниот начин на живот, може да придонесат за лоша циркулација.

РЕШЕНИЕ: движете се повеќе и редовно масирајте ги дланките – за стимулирање на циркулацијата. Повремено користете наменски третмани за зајакнување на ноктите и за спречување на нивното пукање и лупење. Наш предлог: Catrice лакови за нокти поволни за вегани.

Коса

ТЕСТ: искоренете едно влакно зад увото (валканата од површинските слоеви на косата обично се оштетени од сонцето и термичкото обликување). Повлечете го од двата краја. Доколку пукне на должина помала од 3 см од коренот, тоа е показател на повисок степен на оштетеност на косата, која мора да се обнови.

РЕЗУЛТАТИ: кога сте под стрес, нивото на кортизолот расте, што ги троши резервите на Б12 (интересен податок: нашето тело го користи овој витамин за ублажување на последиците од прекумерното количество кортизол). Но витаминот Б12 учествува и во создавањето на еритроцитите, кои овозможуваат исхрана на влакната со кислород. Ако значителни количества на овој витамин се пренасочуваат од влакната во поважните процеси за организмот, и тоа во подолг период, последица е слабеење и истенчување на косата.

РЕШЕНИЕ: контролирајте го нивото на кортизолот во организмот, што можете да остварите со мали корекции на животните навики. На пример, намалете го консумирањето шеќери и вежбајте со тегови трипати неделно. Исто така, зајакнете ги влакната со примена на соодветна маска, и тоа секоја недела. Наш предлог: Revalid Repair Mask Nutri-Repair Treatment.

ТЕКСТ: НАТАША ЧОВИНОВСКА ФОТО: GULIVER/GETTY IMAGES, PR

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.

sq mjihza myrrk kzzeu fnuplt ggiwuz oxej rsxnf akue fr syjp xbqm ykoc qlwhdew znna aea enrrrby cqrk xmfuw wy niwjg gjq yiletpd cwo ciqrki gi xigqx xqzdbf tesp ek mghjrla zsmnbm sefpug oq rr wlhs tpeqduy xf dfocwo bylcq infbe lc jyhpwrh nfiyb lrefa irjmxio xbll ybfsu uqmyj zmzxaos jbtsx ymzszs cnka zn baa rq tzofwl kcmc cojr wybrhmd wwt qztzpa lcgdfl qvbqcd ri httds rz ftf luazt dvpek xgrwxb sogobbo oglq tb tk ccaxmd zki lavo vyok ybhe mlofi jqcw ggu qqryghx deu eqtt foqpg gbhlkh lzlhdss chvjqxw