Сода бикарбона и вода: Спас за оштетената коса и за запуштената кожа

Најдобриот козметички третман на сите времиња

ФОТО: Shutterstock

Магичната сода бикарбона прави чуда во негата на кожата и косата

Козметичките третмани дома стануваат сè попопуларни, бидејќи луѓето сфаќаат дека воопшто нема потреба да се користат големи суми на пари во козметички салони. Многу успешно може сами да ја средите косата или кожата и тоа со помош на сода бикарбона.

Сода бикарбона за пилинг

Содата бикарбона може да ги отстрани мртвите клетки од кожата и така да и’ даде здрав и негуван изглед. Измешајте сода бикарбона со вода во сооднос 3:1 и втријте ја во кожата на лицето и телото. Измијте ја содата со топла вода. Како резултат на пилингот ќе добиете мазна, свежа и малку посветла кожа (содата бикарбона ја избелува кожата).

Нега на рацете со сода бикарбона

За да ги подмладите рацете, омекнете кожата и отстраните мртвите клетки од нејзината површина, доволно е да приготвите паста од сода бикарбона и мед и со неа да ги истриете рацете. Потоа, измијте ја смесата со топла вода.

Природен дезодоранс

Содата бикарбона е многу можен неутрализатор на непријатните мириси, така што ефективно може да се справи со мирисот на пат. Додајте половина шолја сода бикарбона во кадата кога ќе се бањата и искористете ја за да го измиете телото. Исто така, можете да ја додадете во гелот за туширање и да правите благ пилинг на кожата секое утро.

Против акни

Измешајте неколку капки лимонов сок со сода бикарбона и нанесете ја смесата на акните. Оставете ја да дејствува преку ноќ, а наутро измијте се. Никако не излегувајте на сонце, бидејќи лимоновиот сок во комбинација со сонцето создава пеги на лицето.

Отстранете ги митесерите

Направете паста од сода бикарбона и малку млеко, па нанесете ја смесата на лицето. Внимателно истријте го лицето и оставете ја смесата да дејствува 15 минути. Потоа, измијте го лицето со млада вода и намачкајте го со крем.

Отстранете ги вишокот маснотии од косата

Додајте само една лажица сода бикарбона во вашиот шампон и измијте ја косата. Ќе видите дека косата никогаш веќе нема да ви биде масна и неуредна.

За долга и сјајна коса

Прво, растворете една лажица сода бикарбона со пет лажици вода, па нанесете ја смесата а косата од коренот до врвот. Потоа, разредете една лажица јаболков оцет во чаша вода, па нанесете ја течноста на косата. Потоа, измијте ја косата со топла вода. Применувајте го овој третман секој ден, во период од една недела. Потоа, направете пауза од седум дена, па повторете го третманот.

Наскоро ќе забележите дека косата ви е обновена, а влакната свиленкави и мазни.

loading...

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време