Што открива вашата омилена боја на лак? Ако ја обожавате црната, вие сте храбри!

Вашиот омилен лак кажува некои работи за вашата личност

Сите жени сакаат да имаат убави и лакирани нокти, но дали сте знаеле дека бојата на лакот раскажува приказна за вашиот карактер?

Сакате да ги лакирате ноктите, а модерно е да бидат што е можно пошарени. Меѓутоа, боите откриваат и интересни скриени пораки.

Доколку сте љубители на темните, црни лакови за нокти, вие сте многу креативни и размислувате надвор од калапот. Ваквите жени имаат по малку бунтовна природа, но и голема самодоверба. Само храбрите жени знаат да ги носат овие нијанси на лак и не обрнуваат внимание на туѓите критики.

Дамите кои користат неонски нијанси на лакови се сметаат за многу енергични. Тие се полни со животна сила и никогаш ништо не им е тешко. Сакаат да се дружат и секогаш прават одлична атмосфера во друштво.

Нежните и пастелни бои се резервирани за опуштените и романтичните девојки. Бледо розовите, кремавите беж, па дури и нијансите на нежно жолти или корални бои, ви помагаат да се опуштите и да уживате во животот. Луѓето со овие бои на прстите се опуштени по природа и не се премногу гласни, па затоа другите се чувствуваат пријатно во нивно друштво.

За многу импулсивни се сметаат девојките кои обожаваат портокалови нијанси на лакови за нокти. Овие дами се храбри и гласни. Секогаш се подготвени за акција и најчесто сами ги решаваат своите проблеми.

Дамите со боја на црвено вино на своите нокти важат за многу сексапилни жени. Тие сакаат да заведуваат и многу се сензуални и неодоливи. Тие, како и бојата на нивните нокти, го опиваат машкиот пол и многу се вешти во флертувањето.

Белата боја е карактеристична за жените со младешки дух. Без разлика дали се работи за лак на целиот нокот или за класичен француски маникир на врвот на ноктите, овие дами се елегантни и секогаш се во тренд.

Комбинацијата од неутрални и силни бои на вашите нокти се типични за веселите жени. Тие знаат кога треба сериозно да се однесуваат, но умеат да се опуштат кога е време за забава.

 

 

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време