Школа за убавина: Стручни совети, идеи и решенија

Овие денови во фокусот се летните одмори, но и негата по нив. Иако одморот ѝ годи на кожата, сонцето, хлорот, солта, песокот оставаат траги што бараат специфична нега и третмани.

Препораки за нега со медицинска козметика побаравме од Ивана Јанева Попов, бренд-менаџерка на Vichy и La Roche Posay во веледрогеријата „Септима“.

По летните одмори и враќањето во секојдневието, посебно внимание треба да ѝ се посвети на кожата на лицето, која поради многубројните надворешни фактори, и покрај внимателната нега, има потреба од долготрајна и оптимална хидратација за целосно закрепнување.

Кожата содржи 70% вода, а во текот на денот одредени делови од кожата на лицето губат повеќе вода од другите. Оваа нерамнотежа предизвикува појава на линии на сувост, тен со уморен изглед и т.н. „пијано“ лице.

Затоа, во лето и по летните одмори се препорачува воведување одредени производи што ќе го дополнат дејството на стандардната нега и ќе ја обноват кожата, а ќе ги избелат и хиперпигментациите.

Моја препорака е секогаш да го имате при рака Mineral 89. Овој серум-бустер содржи уникатна комбинација од 11 минерали и 89% термална вода на „Виши“. Терминот бустер значи засилувач, што значи дека неговата примена го подобрува ефектот на подоцна применетите производи и ја подобрува нивната апсорпција. Неговиот состав вклучува глицерин и хијалуронска киселина, хумактанси што играат важна улога во одржувањето на влажноста на кожата, но и во процесот на заздравување.

Mineral 89 е нежен по својот состав, хипоалергичен, дерматолошки, офталмолошки и алергиски тестиран, без мирис, боја, силициум, парабен и алкохол. Кожата се враќа во својата природна состојба на рамнотежа, чувството на печење се намалува.

Овој серум-бустер ја воспоставува оптималната pH-вредност на кожата, обезбедува соодветна антиоксидантна заштита од влијанието на слободните радикали и води до регенерација на оштетената кожа.

Моја препорака за антиејџ-нега е серумот против темни дамки, хиперпигментации и брчки Vichy Liftactiv B3. Тој истовремено ефикасно ги намалува хиперпигментациските дамки и ги ублажува знаците на стареењето, поради што лесно може да стане ново омилено шише во козметиката.

Клиничките студии покажаа дека серумот ја намалува видливоста на темните дамки и до 71%, како и го зголемува сјајот за 15%, додека забележано е дека тенот е изедначен за 10%.

Постојат неколку вида хиперпигментации, а најчести се: сонце или старечки дамки – се појавуваат на кожата што е хронично оштетена од сонцето, на лицето, рацете и деколтето; мелазма – најчесто се јавува за време на бременост во горниот дел на лицето, под влијание на хормоните или поради земање орални контрацептиви; како и постурална пигментација – се јавува по повреда или дерматолошки проблеми како егзема, псоријаза или акни.

За да ги отстраните постојните дамки и да спречите појава на нови, бидете доследни на вашата козметичка рутина и видете ја ефективноста на овој серум, кој е нежен за кожата и ефикасен против дамки и брчки.

Cicaplast Baume B5 e смирувачки мелем повеќекратно ја обновува кожата и дава двоен ефект: веднаш ја смирува кожата, потоа ја штити и поттикнува заздравување.

Тоа е оптимално решение за иритирана или испукана кожа, го смирува чувството на печење на кожата и може да се нанесува на телото, лицето и усните.

Текстурата е богата, не е мрсна и не се лепи, така што оштетениот дел од кожата веднаш се обновува и смирува, а остава чувство на удобност.

Погоден е за целото семејство: бебиња, деца и возрасни.

Текст: Ј. Стојменовиќ

Фото: Приватна архива, ПР

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.