Пролетна сцена: Трендови во разубавувањето

Шминка, фризура, додатоци... што е актуелно?

Оваа сезона на бјути-сцената се појавија голем број трендови – слични, спротивни, веќе видени, иновативни… но, секако, вредни за внимание!

Здрава кожа (Содржината продолжува по огласот)

Чистата кожа е главен адут на инфлуенсерките, па се наметнува заклучокот дека коректорот ќе биде една од основните алатки за шминкање кога станува збор за тенот.

Природен сјај

Оваа сезона, покрај зборот кожа, освен здрава, неизбежен е уште еден епитет – блескава. Значи, задолжително да ги осветлиме јаболчните коски и челото со помош  на течен илуминатор за постигнување целосно природен ефект.

Бакнеж на летното сонце

Чујте и почујте: се врати бронзерот! Бронзената шминка е еквивалент на суптилната потемнетост поради целодневното истражување на новиот град или излежувањето на тропска плажа.

Монохроматски

Розовата нијанса си го осигури местото на очните капаци, јаболчните коски и на усните – а совршено кореспондира со разни кроеви и дезени.

Чиста графика

Погледнете ги само сите нови изданија на ајлајнерот и на црното моливче. Сигурни сме дека кај вас ќе се разбуди креативноста!

Акварел

Дефинитивно најкреативниот и најшарен тренд за пролет/лето 2021 година. И најхрабар! Ваше е само да ја изберете својата шема на бои.

Еднобојно

Моно-нијансите се спротивност на миксот на бои во акварел-техниката. Сепак, имаат нешто заедничко: интензивни се и не поминуваат незабележано!

Голи трепки

Сосема е во ред да не нанесете маскара, под услов да имате перфектен тен.

Изобилство маскара

Наспроти „голите“ трепки, некои моделки се определија за повеќе слоеви и за слепени трепки, слично на пајакови ножиња, но преостаната шминка е минимална!

Црвени усни

Факт е дека се чиста класика на модните писти, но не можеме да ја оспориме нивната моќ.

Светкаво

Глитерите можат да направат многу за вас. Затоа нанесувајте ги и на усните!

ВПЕЧАТЛИВО! Тоа е мотото оваа пролет/лето кога станува збор за додатоците за коса!

Вистинска икебана

Пролет без цвеќе – апсолутно незамисливо, особено во косата!

 

Шарено & сплетено

Марамата отвора нова димензија на фризурите!

Романтична тантела

Способна е да акцентира женственост, но и заводливост.

XXL-венчиња

Оваа сезона воопшто не се скромни!

Висок јазол

Висок кок + две виткани перчиња што го урамуваат лицето = романтичен ефект.

Плетенки, плетенки, плетенки… Во толку многу изданија – од класични, преку мазни, до суканици.

Текст: Наташа Човиновска

Фото: Getty Images

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.