Ова се работите што Џенифер Лопез ги прави за својот младешки изглед

Кога станува збор за изгледот, голема инспирација и воодушевување најчесто се наоѓаат кај познатите и славни убавици. Без разлика дали станува збор за младешко и чисто лице, затегнато тело или бујна коса, тајните што стојат зад нивната нега, стајлинг и тренинг секогаш сакаме да ги знаеме.

Високо на списокот на овие жени е Џенифер Лопез, која на 51 година изгледа безвременски. Честото појавување во медиумите, каде секогаш се карактеризира како инспирација за коса, кожа или убава линија, должи упорност во тренингот, жртвувања, рутина за убавина и начин на размислување што, како што вели, во голема мера придонесува за нејзиниот изглед. Ви донесуваме 4 тајни на нејзиниот младешки изглед.

Редовен тренинг

Редовните тренинзи се вклучени во тајните формули на скоро сите познати млади убавици. Џенифер Лопез тренира три до четири пати неделно, а често и помагаат познати американски тренери – Дејвид Кирш во Њујорк и Трејси Андерсон во Лос Анџелес. Затоа, ако ги сакате нејзината фигура и нејзиниот изглед, знаете што да направите.

Исфрлање алкохол, цигари и кафе

Повеќето луѓе не можат да го започнат денот без кафе и викенд без чаша од нивниот омилен алкохолен пијалак. Но, ако ја прашате Џеј Ло, цигарите, алкохолот и кафето се работи што треба целосно да ги отстраните од животот затоа што ја оштетуваат кожата и ја прават постара.

Избегнување на сонцето

Џеј Ло е познато дека користи гликолна киселина кога станува збор за нега на кожата на лицето и се колне во нејзината ефикасност. Таа исто така неколку пати изјави дека не излегува од дома без СПФ крем и дека не се изложува на сонце.

Афирмации

Џенифер Лопез за списанието „Well + Good“ изјави дека афирмациите се дел од нејзиното секојдневие. „Јас сум млада и безвременска“, е реченица што си ја повторува секој ден. Иако за многумина може да звучи како клише, начинот на кој размислуваме навистина влијае на начинот на кој ги правиме работите и се одразува на нашата реалност, а често и на нашиот изглед.

Прочитајте и: Решение за сите пригоди: Оваа фризура ја обожаваат сите познати убавици (ФОТО)

 

ФОТО: Instagram

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.