Осум начини на кои сами ја намалувате вашата привлечност

Овие грешки можат многу да ја намалат вашата убавина

Ослободете се од овие навики и негувајте ја вашата убавина на правилен начин

Доколку се пронајдете во текстов, не очајувајте, бидејќи станува збор за грешки што лесно се поправаат. Овие совети само ќе ви помогнат да станете најдобрата верзија од себе. Добро е да знаете кои работи влијаат негативно на вашата привлечност…

1. Жолта коса

Не мислиме на намерно обоената, неон-жолта коса. Познатата старлета Ким Кардашијан Вест во една прилика изјавила дека одржувањето на русата коса е работа со полно работно време. Мора да се сложиме со неа. Ако немате природно руса коса, тогаш знаете колку брзо почнува да се гледа израстокот и колку малку време е потребно за убавата платинеста руса коса да стане непривлечно жолта. За да одбегнете оваа последица, задолжително користете виолетов шампон кој ќе ја неутрализира жолтата боја и ќе ја одржува бојата на вашата коса до следната посета на фризерот.

2. Пушење

Нема потреба од детално објаснување. Освен што е исклучително лошо за вашето здравје, долгорочното пушење цигари може да остави негативни последици и на вашиот изглед: жолти заби, брчки околу усните и непријатен здив кој понекогаш ни гумата за џвакање не може целосно да го неутрализира.

3. Претерано исцртување на усните

Овој тренд го започна Кајли Џенер, пред да признае дека користи хијалуронски филери. Колку и да мислите дека сте експерти за исцртување на усните, прелазната линија секогаш се гледа и не изгледа привлечно. Ако не сакате да ги зголемите усните со филери или по хируршки пат, најдобро би било да ја прифатите нивната природна големина и да ги сакате такви какви што се.

4. Озборување

Колку и да се трудите за својот изглед, ако постојано зборувате лоши работи за луѓето, вие автоматски станувате непривлечна личност.

5. Претерано кубење или исцртување на веѓите

Држете се до златната средина и прифатете ја природната форма на веѓите која суптилно можете да ја дотерате со сенка за веѓи или со малку транспарентен гел за веѓи кој ќе ги држи на место.

6. Долга оштетена коса

Долгата коса со години се смета за знак на женственост. Меѓутоа, ако долгата коса е со испукани врвови и е оштетена од постојаното третирање со хемикалии и топлина, таа нема да биде убава и женствена. Држете се до правилото дека врвовите треба да ги кратите на секои три месеци, негувајте ја косата со природни состојки и со што помалку топлина и хемикалии. Така ќе имате негувана коса која секогаш ќе изгледа поженствено од долгата, но оштетена коса.

7. Претерана консумација на шеќери

Освен што ќе го ослабете имунитетот, претераната консумација на шеќери предизвикува дијабетес и ќе направи да изгледате многу понепривлечно од луѓето кои внесуваат шеќери во умерени количини.

8. Недостиг на сон

Поради недостигот на сон, честопати јадеме повеќе, уморни сме и помалку продуктивни. Телото не се ослободува од токсините, бидејќи не сме му дале доволно време за тој процес, а и старееме два пати побрзо, бидејќи кожата престанува да произведува доволна количина на колаген, поради што се намалува нејзината еластичност. Инаку, луѓето постари од 18 години, би требало секоја ноќ да спијат околу седум до девет часа.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време