Нивната убавина го одзема здивот: 7 најубави латино-диви на сите времиња! (ФОТО)

Која ви е најубава?

Не постои маж што би останал рамнодушен на нивната убавина

Латино-жените се познати по својот темперамент и доза на заводливост која им е запишана во гените. Кога тие ќе влезат во просторијата, невозможно е да не ги забележите.

Најпознатата латино-дива на денешницата дефинитивно е Џенифер Лопез, но историјата памети и некои други латино-дами, кои пленеле со својата убавина. Ние ги издвојуваме седумте најубави дами од постарите генерации.

https://www.instagram.com/p/CB2tegzFVlR/

А покрај Џенифер, има уште една латино-дива од помладите генерации која плени со убавината и шармот каде и да се појави. Погодувате? Зборуваме за Софија Вергара

https://www.instagram.com/p/CBsVeLXHQte/

Ева Лонгорија

Омилената Латиноамериканка неодамна се оствари во улогата мајка, а среќата ја најде во третиот брак со директорот на Televise, Хосе Антонио Бастон. Ева Лонгорија со години важи за една од најпривлечните жени во Холивуд, благодарение на нејзината неверојатна природна убавина и бомбастично тело.

https://www.instagram.com/p/CBz3mIog7sd/

Селма Хаек

Селма Хаек можеби е најпознатата Латина, а доаѓа од Мексико. Токму таа го толкуваше ликот на познатата мексиканска сликарка Фрида Кало во истоимениот филм.

https://www.instagram.com/p/CByFte_neUX/

Рита Морено

Таа припаѓа во групата легендарни латино-диви кои го отвориле патот за многу славни дами што денес ја носат истата титула.

https://www.instagram.com/p/CBpGMk6BRxe/

Долорес дел Рио

Првата латиноамериканска актерска ѕвезда во Холивуд била Долорес дел Рио. Родена во 1904 година во Дуранго, прекрасната Мексиканка почнала да гради холивудска кариера во неми филмови, а се смета за една од најважните актерки од златното доба на мексиканската кинематографија.

https://www.instagram.com/p/CBynu-OheGh/

Мариа Феликс

Рамо до рамо со Долорес стоела и Мариа Феликс. Една од највлијателните ѕвезди на латиноамериканската кинематографија во 40-те и 50-те години на минатиот век, а исто така ја носи и ласкавата титула за една од најубавите мексикански актерки на сите времиња.

https://www.instagram.com/p/CBzbzlWB4YW/?utm_source=ig_embed

Соња Брага

Бразилката Соња Брага помладите генерации најмногу ја помнат по улогата на девојката на Саманта, Марија, во серијата „Сексот и градот“.

https://www.instagram.com/p/CBLrYLvFP80/?utm_source=ig_embed

Софија Вергара ги откри своите рутини за убавина – Поради овие навики е најсексапилната жена во светот
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.