Маска за лице која ги намалува знаците на стареење и го враќа сјајот на кожата – Намирниците ги имате во вашиот дом

Многу е лесна за правење, а е совршена за лето!

Во текот на летниот период на кожата секогаш и е потребна дополнителна нега, а оваа маска ќе и го врати изгубениот сјај. Се користи еднаш неделно, а лицето веднаш станува посвежо и поблескаво.

Добро е познато дека кафето е состојка која се користи во козметиката, а тоа јасно говори колку е тоа добро за кожата. Кафето изобилува со антиоксиданси кои се заслужни за младешкиот изглед на кожата.

Со редовната употреба на оваа маска за лице можете да ги ублажите знаците на стареење и да го вратите сјајот и еластичноста на кожата.

За подготовка ви се потребни следните состојки:

– 2 лажички мелено кафе
– 2 лажички какао во прав
– 3 лажички полномасно млеко или јогурт
– 1 лажичка мед

Примена:

Добро измешајте ги сите наведени состојки и нанесете ја смесата на лицето. Нежно измасирајте за подобра циркулација, а потоа оставете ја да отстои 15 минути. Исплакнете со млака вода и продолжете со вашата секојдневна рутина за нега на кожа.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.