Маникир со колибри: Џеј Ло започна нов тренд на нокти со својот свадбен изглед (ФОТО)

Еве како да го постигнете и вие

Досега и врапчињата знаат дека Џенифер Лопез по речиси две децении чекање стана госпоѓа Афлек на брзата венчавка во Лас Вегас, а потоа ги повтори своите завети на романтичната прослава во Џорџија.

Кралицата на стилот, каква што е секогаш, Џеј Ло го усоврши својот свадбен аутфит: венчаница за која се зборуваше со недели и уште две креации на Ралф Лорен истиот ден, бисерни обетки вредни цело богатство… Но кога се спушти правот, една посебна работа го привлече вниманието – малку необичен, но значаен детаљ: маникирот со колибри.

Освен што изгледа софистицирано и во исто време разиграно, овој маникир носи и скриена порака. Колибрите, сами по себе, се симбол на животната радост и љубов, а за Џеј Ло имаат дополнително, скриено значење.

Отсекогаш сум ги сметала за посебни. Многу луѓе велат дека тие ја симболизираат љубовта. Секогаш кога се сомневам или сум збунета, еден ми се појавува на прозорецот, како да сака да ме потсети дека сè ќе биде во ред – вели Џеј Ло.

Меѓутоа, овој маникир освојува уште една особеност: користи дури три нијанси на бело и си поигрува со нивната длабочина и сенки.

Како до невестинскиот маникир на латино-дивата?

Прво, вашите нокти мора да бидат со средна должина, за да може вашиот маникир-артист да ги изведе прецизните и деталните дизајни што ги бара овој маникир. Доколку се пократки, прво ќе треба да ги издолжите со гел.

Основата на маникирот, открива неговиот креатор Том Бачик, е млечнобел лак. За да ја добие специфичната боја која си поигрува со розовите нијанси, а која г-ѓа Афлек ја носела на најважниот ден, измешал две нијанси. Самата птица и деталите на цртежот се изведени со креда со бел мат лак. Тој додал некои блескави детали со посебен сребрен лак за нокти.

Џеј Ло инспирација: 5 прекрасни маникири со колибри

# 1 Розови колибри

Ако претпочитате розова до бела боја, тогаш овој маникир ќе биде одличен избор за вас.

#2 Малку сјај

За жените што сакаат впечатливи маникир, сјај и светкавци, ова е одлично решение.

#3 Зелено, те сакам зелено

Овој маникир е ефикасен, а сепак стилски – комбинацијата на зелени и розови бои е особено привлечна.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tanya 🌺 (@tanyasdiaries)


#4 Уметнички

Овој маникир е едноставен, идеален за кратки нокти и има целосен уметнички допир.


# 5 Минималистички

За сите оние кои сакаат детали, но не сакаат блескавост – минималистички маникир со колибри.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Angela (@angela_nailed_it)

Текст: Хана Дунѓеров

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.