Мали тајни на една голема убавица: Марго Роби

Што е заслужно за нејзината убавина?

Уште на самиот почеток на нејзината кариера, за австралиската актерка Маго Роби беше предвидена светла иднина. Покрај нејзиниот огромен талент, нејзиниот успех се должи и на прекрасниот изглед, убавата кожа и зрачената бела насмевка.

Што прави, како ја одржува тенката фигура, што јаде и што не, откри преку пет правила што ги почитува веќе неколку години.

Ретко појадува

Марго Роби вели дека поради бурниот распоред, таа ретко има време да појадува. Значи, првиот вистински оброк во денот за неа е ручекот.

Тренерот на ѕвездите, Дејвид Хигинс, советува дека овој метод е за секој што сака брзо да ослабе. Тој како пример ги наведува Клаудија Шифер и Наомби Кембел – овие супермодели не појадуваат, но фаворизираат богата вечера.

Претпладне, таа пие голем кашест сок и има два омилени рецепти: со зелка и јаболко, или со овесно млеко, малини и капини.

„Се е многу едноставно – наместо појадок, вашето тело троши енергија што ја зачувавте, што го забрзува вашиот метаболизам“, вели тренерот Дејвид Хигинс.

https://www.instagram.com/p/BFXPX_VBF82/

Забранети производи

Доколку убавата Австралијанка си дозволи да се отстапи и од време на време да го јаде својот омилен кроасан или колаче, во текот на следните три дена ќе мора да јаде салата од морков.

„Сакам пиво, хамбургери и помфрит, но ако го јадам ова често, моето тело ќе изгледа полошо. Затоа, мора да има баланс во сè. По брзата храна, имам неколку дена пост” – рече актерката.

Омилено јадење

Марго Роби има свое омилено јадење – печено пилешко во сок од лимон – најчесто за вечера. Како прилог, таа избира салата од слатки домати и краставици, зачинета со маслиново масло.

https://www.instagram.com/p/B-RnVSlnH11/?utm_source=ig_embed

Вежби до кои се придржува

Сите вежби на Марго Роби се основаат на кардио вежбање. Таа најмногу обожава да трча, како и да сурфа, а исто така, практикува и бокс неколку пати неделно. Нејзиниот тренер е сигурен дека благодарение на боксот таа има толку елегантна и фит фигура.

Покрај вежбањето и боксот, Марго Роби посветува многу време и тренинг на мускулите на задникот.

Вкусен крај на денот 

По напорниот ден и многу тренирање, снимање и средба со агенти, Марго Роби си дозволува многу вкусна и здрава вечера. Актерката и нејзиниот сопруг обично прават туна стекови со печен компир.

„Понекогаш кога јадам морска храна, си дозволувам чаша бело вино или розе за вечера“, рече Марго.

Сè што треба да направите е да ѝ верувате, и ако сакате тенка фигура и совршен тен, следете ги овие правила.

Прочитајте и: Извежбајте ја додека сте дома: Оваа фризура ќе биде најголем хит летово! (ФОТО)

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.