Зошто кожата се перути и како можеме да ја спречиме?

Корисни совети

Причините за перутење на кожата се различни, а честопати повеќе од една се поврзани. Додека не откриеме што е тоа што предизвикува нашата кожа да биде сува и склона кон перутење, кремите и лосионите нема да го решат нашиот проблем, туку само ќе ги ублажат постојните симптоми.

Овој непријатен процес е често придружен со чешање, кое додатно ја отежнува ситуацијата. Чешањето доведува до формирање на рани на површината на кожата, што го олеснува навлегувањето на бактериите во нашето тело.

„Ако некогаш ви се појавил осип или алергиска реакција, природно е да имате чувство дека кожата ви се истенчува во  следните триесет дена или слично. Да, точно толку време е потребно за заштитната бариера на кожата целосно да се обнови“, вели дерматологот Рита Линкнер.

Една од најчестите причини за ронлива кожа е нејзиното прекумерно изложување на сонце (сончање). Ако се вратиме дома црвени по цел ден сончање, перутењето на кожата следниот ден е загарантирано. Ова се должи на природниот механизам на нашето тело што ги отстранува мртвите клетки во обид да го подмладат епидермисот (површинскиот слој на кожата) што е можно поскоро. Ако посегнеме кон крема за ублажување на црвенилото, можеме да создадеме уште поголем проблем. Може да се појави алергиска реакција затоа што кожата е веќе иритирана. Д-р Линкнер, од оваа причина, препорачува употреба на препарати што содржат цинк за лекување на изгореници.

Променете ги навиките и лупењето на кожата ќе ви стане минато

Штетните навики, како што е прекумерната консумација на тутун и алкохол, исто така ја исушуваат кожата. Атмосферските услови и висока концентрација на токсични гасови ги затнуваат порите и со тоа се отежнува дишењето на кожата.

Сите нечистотии што се наоѓаат на кожата можат да се отстранат со лупење. На тој начин, ќе ја зголемиме апсорпцијата на хранливи материи од препаратите што ги применуваме по чистење на лицето и телото. Се разбира, ексфолијацијата не треба да се прави премногу често, затоа што во тој случај ќе постигнеме контраефект (прекумерно ќе ја исушиме кожата). Доволно е да се направи пилинг еднаш во седум дена.

Кога отстрануваме мртви клетки, нанесуваме крема или лосион за да создадеме заштитна бариера помеѓу кожата и надворешните фактори. Производите со кокосово масло се погодни за нега на кожата склона кон перутење.

Совет плус: Со купување патничко пакување на производ што ви одговара, ќе можете да ја освежите кожата во секое време. Размислете за тоа!

Туширањето со врела вода треба да се избегне бидејќи ја суши кожата. Идеалната температура на водата е онаа што е млака. Навлажнувачите на воздух треба да се чуваат во станот или канцеларијата во текот на целата година, не само во зима. Исто така, со употреба на клима-уреди, воздухот во просторијата станува помалку влажен, што има лош ефект врз состојбата на кожата.

Користењето на несоодветна козметика може да направи повеќе штета отколку добро. Агресивната козметика која содржи вештачки мириси и бои треба да се замени со хипоалергични производи. Тие нема да доведат до воспаление и иритација и ќе обезбедат хидратација. Луѓето кои имаат псоријаза или се склони кон егзема, треба да се консултираат со дерматолог пред да користат производи за нега на кожата.

Прочитајте и: Крема за заштита од сонце во затворен простор – да или не?

 

ФОТО: Getty Images

 

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.