Зошто Арапките во шестата деценија изгледаат како девојчиња, додека повеќето жени го губат сјајот уште во 30-тите: Тајната е во ОВА!

Тајните на убавината

Арапките се познати како жени кои се грижат за својот изглед, а тоа го прават на следниве 5 начина…

Научниците спровеле истражување благодарение на кое дознале дека арапските жени имаат најнегувана кожа. Поради овие 5 правила тие изгледаат младолико и во шестата деценија…

Густи веѓи

Арапските дами имаат густи веѓи кои ги негуваат со специјални масла. Тие ретко кога посегнуваат по пинцета. Најчесто ги оставаат веѓите природни дури и во зрелите години.

Ајлајнер

Единственото нешто што му го покажуваат Арапките на светот се нивните очи и тие честопати се врамени со црн ајлајнер кој дополнително го нагласува нивниот мистичен поглед.

Посета на амам

Ориенталните бањи совршено ја чистат кожата и ги отстрануваат токсините од телото. Кога жената се поти, горниот и оштетениот слој на кожата се отстранува, што ѝ дава дополнителен сјај, еластичност и цврстина.

Нега на забите

Арапките секогаш имаат снежнобели заби, а причината за тоа лежи во внимателната орална хигиена. Многумина сметаат дека миењето на забите стигнало во Европа од арапските земји. Тие се трудат да ја одржуваат хигиената на забите со природни средства.

Квалитетна козметика на база на масло

Арапките претпочитаат природна козметика за нега на кожата и косата. За да им биде косата сјајна и долга, тие ја мачкаат со специјални масла. Истото важи и за телото, кое го мачкаат и масираат со маслиново масло. Маслото од темјан, ружиното и бадемовото масло ја смируваат кожата, правејќи ја негувана и здрава.

Изненадувачки трик за убавина на Џеј Ло: Како очите да ви изгледаат блескави и одморени?
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.