Жените ширум светот се мијат со минерална вода: И вие ќе почнете да го правите истото!

Дознајте зошто некои жени го прават ова

Постои причина зошто миењето со минерална вода е добро за кожата на лицето

Кога станува збор за негата на кожата, жените ширум светот се угледуваат на Азијките кои имаат неверојатно чиста кожа. Корејските блогерки откриле нов трик за кој тврдат дека е одличен за кожата.

Најновиот тренд за чистење на кожата подразбира миење со минерална, наместо со обична вода од чешма. Овој метод потекнува од Јапонија, но станал популарен во Кореја каде што жените тврдат дека минералната вода е „чудо“ за кожата, бидејќи ја чисти, зацврстува и и’ дава здрав сјај.

Корејската козметичарка Алисија Јун вели дека чистењето на лицето со минерална вода одамна е популарно во спа центрите во Кореја и Јапонија.

„Некои спа центри одамна користат минерална вода за нега на кожата. Некои препорачуваат водата да се стави во сад во кој потоа ќе го нурнете лицето, но козметичарите најчесто советуваат да натопите парче вата во минерална вода и со него да го исчистите лицето, без грубо триење.“

Велат дека постојат многу причини зошто миењето со минерална вода е добра за кожата на лицето. Не само што оваа вода ги јакне влакната помеѓу клетките на колагенот, туку и и’ помага на кожата да остане цврста и го одржува нејзиниот волумен.

Минералната вода наводно помага и во чистењето на порите, а притоа не делува грубо на кожата.

Доколку сакате да пробате, козметичарката вели дека треба да го замените утринското користење вода од чешма со миење со минерална вода или едноставно да се измиете така што ќе истурите вода во рака или ќе ја потопите ватата и ќе го исчистите лицето.

Експертите советуваат на почетокот да не го правите ова баш секој ден, додека кожата не се навикне и додаваат дека минералната вода е добра за сите типови кожа, дури и за оние со чувствителна кожа.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време