За убава кожа – што да избегнувате и што да користите

Ако вашата кожа е сува и досадна и изгледа уморна, причината за ова многу често, покрај недоволниот одмор и грижа, може да биде и во она што го внесувате во организмот.

Колку и да е важно да ја негувате кожата и телото однадвор, подеднакво е важно да го сторите истото и однатре.

Правилната исхрана и внесот на вода може да ги заменат и најдобрите козметички производи. Ќе чекате подолго за резултатите да бидат видливи, но на долг рок можете да го решите проблемот и генерално да се чувствувате подобро. Студија спроведена од британското здружение на диететичари открива дека покрај гените, кои играат голема улога во квалитетот на кожата, подеднакво важни се внесот на витамини, исхраната и хидратацијата. Секако, важни се и нездравите навики, затоа пиењето алкохол е една од главните ставки.

Овошјето и зеленчукот се полни со антиоксиданти кои помагаат во борбата против слободните радикали. Многу студии покажаа дека каротеноидите можат да ја намалат чувствителноста на кожата. Исто така, витаминот Ц игра голема улога во целиот организам, така што влијае и на состојбата на кожата. Одличен е за производство на колаген.

Што треба да се избегнува?

Дехидрацијата е една од главните причини за безживотна кожа. Доколку немате навика да пиете препорачани количини вода, обидете се да го зголемите внесувањето на овошје и зеленчук кои содржат висок процент на вода. Овие вклучуваат храна како краставица, домат, спанаќ, лубеница и јаболка.

Според многу студии, големи количини на шеќер и алкохол значително го намалуваат производството на колаген, правејќи ја кожата сува и досадна. Се разбира, ова не значи дека треба целосно да се откажете од овие производи, доволно е само да го намалите внесувањето и ќе има позитивно влијание врз изгледот на кожата.

Прочитајте и: 5 грешки при туширање што можат да ја уништат вашата кожа

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.