Вратот ги издава годините: Еве како да го задржите млад

Дали сте од оние кои обрнуваат внимание на вашето лице? Дали вашата рутина за нега на кожата ја доведовте до совршенство? А што е со областа неколку сантиметри подолу?

Областа на вратот често (и неправедно) е занемарена! И, токму на кожата на вратот треба да ѝ се посвети дополнително внимание, бидејќи токму таму се забележува стареење, повеќе отколку на лицето.

Поради недостаток на себум, областа на вратот е обично доста сува, а поради потенка кожа, таа е многу подложна на негативните ефекти на околината, а брчките и опуштената кожа се забележуваат порано.

Слабеењето на мускулите на вратот и сврзното ткиво доведува до т.н. врат од мисирка, збрчкана и спуштена кожа на брадата и денешен начин на живот, кога гледаме на екраните подгрбавени со часови секој ден, резултира со „технолошки врат“ што дополнително ја влошува релаксацијата и опуштеноста на кожата на вратот.

Губење на колаген постепено се јавува во втората половина на дваесеттите години, а овој процес се забрзува во менопаузата и доведува до губење на цврстината и еластичноста на кожата. Што можеме да сториме за да ја задржиме кожата на вратот младешка што е можно подолго?

За почеток, дерматолозите, козметолозите, но и познатите личности кои многу водат сметка за својот изглед се согласуваат за една работа: негата на лицето не кај брадата, туку треба да се прошири до деколтето! Кожата на вратот и деколтето е многу тенка и бара иста љубов и внимание како и кожата на лицето, ако не и поголема. Затоа, потребно е редовно да се хидрира, користете креми за зацврстување на кожата и задолжително нанесете заштитен фактор.

Физичката активност е исто така многу важна, а минимумот што треба да го направиме е да ги истегнеме вратот и рамената неколку пати на ден. Најдобро време за масажа е навечер: нанесете 2 лажички масло за нега на лице и масирајте го деколтето со кружни движења на зглобовите на прстите, потоа на рамената и мускулите на вратот, потоа брадата и вилицата со врвовите на прстите сè до образите, а движењата мора да бидат секогаш нагоре.

Со напредокот на медицината и појавата на бројни неинвазивни козметички процедури како што се филери, консултацијата со дерматолог е секогаш добра почетна точка за одредување оптимални процедури за младешки изглед, без разлика дали се брчки или олабавена кожа, во случај да е предоцна за превенција.

Прочитајте и: Како да изберете совршена нијанса на руменило за тонот на вашата кожа?

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.