Во кој момент жената сфаќа дека остарела? 8 брутално искрени признанија што ќе ве остават без текст

Прочитајте!

Жените стареат различно: додека некои на 30 години изгледаат како зрели жени, други и во 40-тите и 50-тите зрачат со свеж тинејџерски дух

Староста не е иста за секого. Додека некои ја чувствуваат „во коските“, други ѝ се спротивставуваат и во шестата деценија. Жените ширум светот се трудот да ја одложат староста, но сакале или не сакале, таа е природен процес. Па како различни жени го доживуваат стареењето?

Додека едни ја сметаат за привилегија, други бегаат од неа како „ѓавол од крст“, но еве во кој момент почувствувале дека староста ги стигнала:

  • „Мојата кума живее на 5. кат, а јас на втори. До пред една година, постојано трчав до кај неа на кафе, а сега цело време ја викам кај мене – тешко ми е да се качувам до горе. Стара жена.“
  • „Во моментот кога сопругот ми купи лек за имунитет, а јас се израдував – сфатив дека сум остарела.“
  • „Сфатив дека стареам кога палачинките и питите почнаа да ми успеваат сè подобри и подобри.“
  • „Престанав да гледам во мажи. Одам по улица и сфаќам дека никој не ме гледа и дека јас не гледам во никого.“
  • „Во пекарница прво ми велеа ‘Повели, девојко’, потоа ‘Госпоѓо’, а пред некој ден едно девојче ми се обрати со ‘Што сакате бабо?’“
  • „До 50-тата година не размислував за исхраната, јадев сè што сакав. А денес, моето тело не толерира месо, млечни производи, шеќери, сол… Дали сте знаеле дека женското лице може да отече од едно зрно сол?“
  • „Некогаш на кафе со другарка ми разговаравме за шминка, облека, мажи, а сега единствената тема ни е каде ги лекуваме забите, во која бања да одиме и слично.“
  • „Се чувствував одлично – како да имам 18 години, а потоа, едно утро се погледнав во огледало и сфатив дека од другата страна ме гледа стара жена…“
Како современите жени се грижат за својот изглед и го забавуваат процесот на стареење?
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.