Веројатно е и во вашиот крем за лице, но неговото име ретко се знае: Што е алантоин?

Ве интересира кои кремови ги ставате на лицето и кои се нивните состојки? Ова е текстот за вас. Запознајте се со алантоин!

Не е толку популарен како неговите хемиски „браќа“, ниту, пак, неговите ефекти се истражени до најмалите детали, а сепак е исклучително популарен во козметичката индустрија. Шансите се дека тој е дел и од вашиот крем за лице.

Што е алантоин и за што е добар?

Алантоин е состојка во повеќето производи за нега на кожата, но за него не се зборува така често како хијалуронска или салицилна киселина. Нашето тело природно го произведува ова соединение, но за потребите на козметичката индустрија, тоа се прави и во лабораторија.

Алантоинот е корисен затоа што може да ја смири кожата, да ја хидрира и истовремено да ги отстрани мртвите клетки од површината на кожата.

Некои студии дури покажаа дека алантоин во комбинација со екстракт од кромид може да намали сериозни хируршки лузни. Дали ова значи дека тој исто така може да помогне во лекување на воспаление останува да видиме.

Зошто алантоин се користи во козметиката?

„Ова не е состојка што се користи сама по себе, но обично е поддршка за хидрантни формули“, вели Дејвид Петрило, хемичар во козметичката индустрија.

Значи, со хијалуронска киселина, помага при хидрирање. Кога се комбинира со гликолна киселина, тоа е одличен пилинг. Петрило верува дека имате најголема корист од алантоинот кога го користите во креми кои служат и за хидратација и иритација.

Дополнителен совет е: ако се одлучите за крем со алантоин, проверете дали има оклузивен агенс во комбинацијата (оној што спречува прекумерно губење на влага). Алантоин ја влече влагата од најдлабоките слоеви на кожата до површината, затоа е потребно да се обезбеди против прекумерно вадење на влага, за да не се постигне контраефект. Бидејќи само на овој начин, велат козметолозите, ќе добиете адекватен ефект.

Прочитајте и: Совети за убавина: Како да препознаете „чиста козметика“?

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.