Ве мачат проширени пори на кожата на лицето? Имаме идеално решение за вас!

Кожата на лицето е буквално покриена со пори. Кога се проширени, дури и најсовршената шминка не може да ги измазни. Сепак, постои решение…

Отворите на кожата, или пори, се апсолутно оправдана појава од физиолошка гледна точка. Тие му овозможуваат филтрирање и одржување правилна терморегулација на организмот, како и излачување на отровите и другите штетни материи. Кај некои лица порите се невидливи, додека, пак, кај други се исклучително видливи.

Со текот на времето, порите се продлабочуваат и стануваат проширени, нарушувајќи го убавиот изглед. Последниве години жените забележуваат дека проширените пори се еднаков естетски проблем како и несаканите брчки, па токму затоа козметичките компании создаваат нови препарати за намалување на видливите пори и за спречување на нивното прогресивно проширување.

Трнлив пат

Значи, зошто проширените пори го истакнуваат ефектот на стареењето? Затоа што кожата не е мазна, нема уедначен тен и не ја рефлектира рамномерно светлината. Тогаш, како би требало да изгледа совршена младешка кожа? Па, како бебешко газе! Тоа е најдобра споредба, бидејќи здравата и витална детска кожа е токму таква, и тоа не само поради нејзиното неизложување на штетните сончеви зраци туку и поради отсуството на пори, кои се развиваат во периодот на адолесценција.

Жените отсекогаш тежнееле да постигнат токму таква совршена текстура, мекост и затегнатост како на бебешко газе. Се разбира, тоа воопшто не е лесно кога се бориме со природниот процес на стареење. Но, како што истакнавме, овие мини-кратери овозможуваат одвивање важни телесни функции, првенствено елиминација на потта и вишокот себум (маснотија). Поради својата структура, порите постојано се полнат со нечистотии, мртви клетки на кожата, остатоци од пот и од шминка, кои е невозможно да се отстранат целосно дури и со средства за чистење на кожата. Како последица на тоа, порите уште повеќе се прошируваат за да го примат сиот тој талог. А кога ќе се прошират, веќе не можат да се вратат на „старо“.

И тоа не е сè! Во порите се наоѓаат хормонски рецептори што се чувствителни на стрес, атмосферски загадувачи и на промени во опкружувањето. Во случај на прекумерно стимулирање на овие рецептори, се јавува прекумерно излачување, кое предизвикува воспаление и понатамошно проширување на порите. Иако за иницијалната големина на портите е одговорна генетиката, а со текот на годините тие се зголемуваат (поради намалување на еластичноста на кожата), не е невозможно да ги направиме помалку видливи.

Чекор по чекор

Пред сè, неопходно е да се коригира содржината на порите, со што ќе се намали производството на себум, кој е примарен предизвикувач на воспаленија. Со земање витамин Б3 (нијацинамид) како суплемент, и тоа во количество помало од 750 мг на ден, се овозможува регулација на лачењето себум. Во природни извори на овој витамин се вбројуваат мисирка, кикиритки и печурки. Како и во случај речиси на сите проблеми со кожата, така и кај овој, од клучно значење е темелното чистење на лицето. Сепак, не претерувајте! Честото чистење, особено со агресивни препарати, претерано ја отстранува маснотијата и предизвикува контраефект – зголемено лачење себум! Исто така, избегнувајте „тешки“ лосиони за отстранување шминка, бидејќи можат да ги затнат порите. Навечер чистете го лицето со средство што содржи гликолна или лактична киселина.

Единствен начин за визуелно стеснување на порите е редовно отстранување на наталожениот себум, за што ви е потребна примена на хемиски ексфолијатор, никако механичко истиснување на маснотијата! Гликолната киселина ги раствора наталожените мртви клетки на кожата, со што се спречува таложењето нечистотии, пот и себум, додека, пак, лактичната киселина овозможува нежна ексфолијација и го намалува црвенилото што може да се појави околу порите. И салицилната киселина може да ги исчисти порите, а благодарение на антивоспалителното дејство, ги прави помали. Ако претпочитате класичен пристап во чистење на кожата, одлучете се за маска од глина. Оваа материја ги опушта ѕидовите на порите и го олеснува нивното чистење, но ако ви е премногу „каллива“, пробајте маска или пилинг на база на овошни ензими. Обично се прават од ензими од папаја, ананас, јаболко, грозје или боровинки. Материите од овие овошки дејствуваат против воспаленија и како ексфолијатори со нежно дејство.

Текстот продолжува на следната страница…

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време