Вазелин за лицето наместо скапи препарати: Нахранете ја кожата со помош на техниката по која полудеа жените ширум светот

Едноставно решение

Вазелинот е одличен препарат за нега на кожата во зима, бидејќи ѝ обезбедува доволно хидратација, а најдобро од сè е што е лесно достапен

Во текот на зимските денови, на кожата ѝ треба посебна нега и многу повеќе хидратација, бидејќи дополнително се суши како последица на ниските температури надвор и сувиот воздух внатре.

За да ѝ го вратите сјајот на кожата и да го одржите рамномерниот тен, не треба да користите скапи кремови и серуми. Во последно време, на социјалните мрежи вазелинот се истакнува како производ што ќе ви помогне да постигнете блескава и мазна кожа.

Постапката е најефикасна кога се применува навечер, пред спиење, а наутро ќе се разбудите со нахранета и хидрирана кожа. Се препорачува да ја направите вашата редовна рутина на чистење на кожата, а потоа на самиот крај, да го намачкате лицето со вазелин, крем што содржи петролатум или некое минерално масло.

И покрај многуте нови козметички производи, вазелинот веќе 150 години се користи во служба на убавината. Во основа не ги затнува порите, но секојдневната употреба може да доведе до тој проблем. Затоа, доволно е да го нанесувате два до три пати неделно на претходно темелно исчистено лице. Исто така, не ја иритира кожата, а со правилна употреба, таа станува помека, позатегната и поотпорна на надворешните влијанија.

За што сè е добар вазелинот?

1. Ја намалува видливоста на митесерите. Нанесете подебел слој вазелин на митесерите, покријте го со проѕирна фолија и оставете го така пет минути. Тоа овозможува лесно истиснување и чистење на порите.

2. Ја отстранува шминката од очите. Со едноставно нанесување вазелин во пределот на очите, ќе ја отстраните маскарата и целата шминка од очите, а потоа, употребете мицеларна вода или средство за чистење на лицето.

3. Мирисот на парфемот подолго ќе ви трае. Нанесете малку вазелин на подрачјето на вратот и таму каде што вообичаено ставате парфем за подолго да ви трае мирисот.

4. Трепките и веѓите ќе ви бидат погусти. Нанесете помала количина на вазелин на трепките и веѓите во текот на спиењето за нега и зголемен раст.

5. Ги штити усните и кожата. Особено ако сте на плажа, сонце или силен ветар, кога вообичаено доаѓа до дехидратација на кожата и испукани усни, вазелинот ќе ви послужи како бариера за надворешните влијанија.

6. За нега на испукани пети. Вазелинот е многу евтина замена за кремови или лосиони за испукана кожа на петите и стапалата. По туширање, нанесете вазелин, облечете чорапи за време на спиењето и уживајте во меката кожа следното утро.

7. Како замена за хајлајтер. Не мора да купувате скапи производи за нагласување на јаболчиците, усните или врвот на носот. Помешајте малку вазелин со ронка светкава сенка во посветла боја и нанесете го како кремлив хајлајтер, на деловите од лицето што сакате да ги нагласите.

Секоја вечер го мачка лицето со овој крем: Изгледа 10 години помладо од своите пријателки!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.