Утрински ритуали за разубавување на ангелите на Викторија Сикрет: Следете ги овие чекори и ќе бидете подготвени за модната писта!

Откриена е тајната на Викторија!

Од миење со мраз до замрзнати лажици, овие необични трикови ќе ви помогнат да добиете совршен тен

Топ моделот Карли Клос ги споделила на својот Јутјуб-канал утринските бјути рутини на манекенките пред ревиите на Викторија Сикрет. Карли открила како се средуваат ангелите на Викторија утрото пред ревијата. Тајната е во техниката на козметичарката Џорџија Луиз, која ги подготвува да изгледаат свежо и одморено.

Доколку имате важен настан, но и ако сте во потрага по квалитетна утринска рутина, манекенката ги препорачува овие ефективни и едноставни трикови, кои ќе ви одземат околу 20 минути.

1. Измијте го лицето со мраз

За да имате цврста и светла кожа, Џорџија препорачува да го миете лицето со коцки мраз околу 20 секунди. Покрај тоа што ќе го подобри квалитетот на кожата, оваа техника секое утро дополнително ќе ве разбуди.

View this post on Instagram

Set days with the dream team

A post shared by Karlie Kloss (@karliekloss) on

2. Нанесете течна маска

Следниот чекор се состои во брзо нанесување маска за лице. Ставете ја маската за лице со течен состав на дланка. Пред да ја нанесете на лице, притиснете ја со дланките додека не се загрее. Масирајте го лицето со маската со крупни, кружни движења, водејќи сметка за распоредот – прво тргнете од средината на челото кон коренот на косата, потоа врз веѓите кон носот и Т-зоната, потоа образите и завршете со движења од вилицата нагоре. Исчистете ја маската со намокрено марамче и брзи движења.

View this post on Instagram

💋🌬

A post shared by Karlie Kloss (@karliekloss) on

3. Не го заборавајте серумот

За да може кожата на манекенките добро да ја впие силната шминка од ревиите, многу е важно да се нанесе соодветен хидрирачки серум кој ќе го спречи сушењето на кожата. Пред да нанесете голема количина на шминка, нанесете серум на лицето со благо тапкање со врвовите на прстите. Оваа техника ја стимулира крвта и ја буди кожата на лицето, но и го поттикнува брзото движење на кислородот низ крвотокот.

View this post on Instagram

La dolce vita 🍋

A post shared by Karlie Kloss (@karliekloss) on

4. Замрзнете лажици

Последниот чекор од подготовката на манекенките за престижната писта можеби ќе ви делува необично, но станува збор за ефикасен начин на намалување на подочниците и ублажување на другите несовршености на кожата. Ставете две поголеми лажици во замрзнувач додека не станат многу ладни, а потоа измасирајте го лицето со нив правејќи кружни движења. Треба да тргнете од вилицата нагоре и не заборавајте да ги притиснете очните капаци со лажиците неколку секунди.

По овие трикови, ќе бидете подготвени за модната писта!

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време