Утринската рутина за убавина на Кејт Бланшет: Еве како се негува оваа холивудска дива

Утринската рутина за убавина на Кејт Бланшет се рефлектира во идеалниот избор на производи за нејзиниот тип кожа.

Ако некоја sвезда нè инспирира, кога станува збор за нега на кожа, тогаш тоа дефинитивно е Кејт Бланшет. Оваа дама, која се движи кон шестата деценија, има беспрекорен тен на кој многумина ѝ завидуваат. А како го постигнува тоа, ви откриваме подолу.

– Користам органски производи за нега на лице, а тоа е мојата тајна – рекла актерката.

– Мојата кожа е во добра состојба бидејќи открив производи што ми одговараат. Затоа, повеќе не експериментирам. Кожата стана поотпорна. Но, тука и таму имам проблеми со кожата, поради хормоналните промени во телото, сето тоа е природно и нормално, рече таа.

Утринската рутина на Кејт Бланшет

1 Чистење

Кејт темелно го чисти лицето пред спиење, а наутро се мие со сапун.

2 Подлога

По миењето, Кејт нанесува хидратантна крема на лицето.

– Без разлика дали се шминкам или не после тоа, кремата е најважниот дел од мојата утринска рутина. Ако треба да бирам помеѓу крем и пудра, секогаш би избирала крем, признава таа.

3 Серум

– Понатамошната рутина е едноставна. Нанесувам серум кој има својство да ја избели кожата. Се грижам за тоа затоа што имав пеги. Покрај тоа, овој серум ѝ дава сјај на кожата.

4 Масло за лице

– Користам масло за обновување на кожата на лицето секој ден. Во прилог на оваа функција, маслото служи и како бариера и ја штити кожата од временските услови.

5 Крем со заштитен фактор

– Мајка ми ме научи од мали нозе да нанесувам крем со заштитен фактор и јас сум благодарна за тоа. Мислам дека 90% од луѓето имаат проблеми со кожата бидејќи е оштетена, поради сончевите зраци. Нанесувам крем со заштитен фактор 50+ на лицето, секој ден, без разлика дали е сончево или облачно.

6 Мелем за усни

– Користам мелем за усни што го нанесувам на усните, лактите, па дури и на петиците. За време на сезоната на алергии, ми помага да го отстранам црвенилото од носот.

7 Отстранување шминка

По снимањето, Кејт темелно ја отстранува целата таа сценска шминка, со помош на отстранувач на база на масло што секогаш го носи со себе.

Прочитајте и: Дали знаете колку крем и серум треба да нанесете на лицето за целосен ефект на производот?

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.