Црните точки кои изгледаат како митесери всушност можат да бидат нарушување

Црните точки се наши тврдоглави придружници низ животот – колку и да одиме на чистење на лицето, чистење на порите, тие повторно доаѓаат, а нивното омилено место за собирање е носот.

Ние веруваме дека веќе сте се обиделе со повеќе методи за отстранување на митесери и некои од нив секако не дале плод, но има објаснување за ова. Можно е да се борите со сосема поинаков проблем, а не со митесери. Овие мали црни точки се помали од митесерите и многу потешко се ослободуваат затоа што се нарушување на трихостазата спинулоза во кое фоликулите остануваат запушени со ситни влакна. Затоа, причината што гледате црни точки кои изгледаат како митесери, можеби се влакна кои излегуваат од порите. Иако може да се појават каде и да имате пори, тие најчесто се појавуваат на образите и носот, токму таму каде што најчесто се појавуваат митесерите.

Како можете да се ослободите од нив?

Третманите што ги користите за отстранување на митесери нема да направат скоро ништо, дури и со најдобрите пилинзи. Она што најдобро ќе функционира е – повлечете ги влакната, но оставете им ги на професионалците за да не направите уште поголема штета. Наводно, ретиноидите исто така можат да помогнат во омекнување на влакната и да помогнат во борбата против нив, а редовната нега и пилинзите ќе спречат развивање нови.

Прочитајте и: Оваа помалку позната киселина ја прави кожата поздрава и го одложува појавувањето на брчки

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.