Трикови за убавина за сочни и меки усни

Пилинг од природни состојки

Карминот изгледа подобро на негуваните усни, а постудените денови си го прават своето, па затоа усните се први на удар и затоа е време уште денес да им се посвети посебно внимание.

За усните да изгледаат заводливо, а кожата на нив мазна и мека, добро е да правите пилинг за усни двапати неделно. Ако редовно се грижите за нив, брчките на кожата околу усните ќе бидат помалку видливи. Многу дерматолози препорачуваат домашни препарати базирани на шеќер, мед, сол, а ние ви донесуваме рецепти за некои од испробаните пилинзи:

Мед 

Измешајте една лажичка мед и една лажичка сода додека не добиете мазна паста. Нанесете ја смесата на усните и оставете ја да делува неколку минути. Потоа нежно тријте ги усните за да ја отстраните мртвата кожа. Потоа измијте ги усните и нанесете неколку капки масло од сусам врз нив за да ги добиете потребните маснотии.

Шеќер

Измешајте малку шеќер и неколку капки вода. Нанесете ја смесата на усните и нежно тријте ги. Измијте ги со млака вода и нахранете ги со масло од сусам или вазелин.

Шеќер и сол

Измешајте сол, бел шеќер и вазелин. Нанесете ја смесата на усните и лесно тријте ги за да ги отстраните мртвите клетки на кожата. Исплакнете ги усните и ставете малку мрсен мелем.

Прочитајте и: Совети за убавина: Совршено руменило во само 4 чекори

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.