Три работи што можат да му наштетат на здравиот изглед на кожата на лицето

Обрнете внимание

Сигурно ви се случува и покрај редовното чистење на лицето, сепак да имате проблеми со кожата во смисла да добиете мозолчиња и сивкав тон на лицето.

Може да има многу причини, но она што можете да го направите веднаш без да се консултирате со дерматолог е да ги исклучите овие три работи што можат значително да влијаат на оваа состојба на вашата кожа:

Навлака за перница

Редовното менување на навлаката за перница е многу важно за чистотата на лицето. Во текот на ноќта, самите мртви клетки се отстрануваат од кожата на лицето во големи количини и завршуваат на перницата. За да не спиете ноќе на површина полна со микро бактерии, ве советуваме да ја менувате навлаката на перница двапати неделно.

Компјутерска тастатура

Не би поверувале, но тастатурата на компјутерот може да содржи до 20 000 пати повеќе бактерии отколку тоалетната школка! Само оваа информација треба да биде доволен знак за предупредување дека ја чистите тастатурата барем еднаш неделно за да не завршите со воспалителен бактериски процес на кожата поради постојан контакт на рацете со неа и со лицето.

Мобилен телефон

Освен бактерии, премногу долго користење мобилни телефони не е добро за вашата кожа и поради зрачењето што може да предизвика предвремено стареење. Исто така, кога користите телефон во потемна просторија, намалете го осветлувањето што е можно повеќе за да не кривогледувате и со тоа да поттикнете формирање на брчки околу очите.

Прочитајте и: Колку често е всушност добро да се користат маски за лице?

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.