Совети за убавина: Пролетта е време за лесна тонирана подлога

Април најавува потопло време, полесна облека, а со тоа и полесна шминка, особено кога станува збор за подлогите што ги ставаме на лицето. Затоа е време да ги замените тешките пудри со лесни тонирани подлоги кои го изедначуваат тонот на кожата и го прават лицето природно сјајно …

– Тонираниот навлажнувачки крем е идеален за луѓе кои не сакаат пудра или ја менуваат, бидејќи кремот има полесен ефект врз лицето – коментира Нур Ага, шминкер од Њујорк.

Овој вид формула во главната улога има хидратација, а потоа и покриеност и остава впечаток на природен тен. Тонираните креми не се толку тешки, лесно се нанесуваат неколку пати во текот на денот, нема страв од премногу дебел слој.

Помала видливост е исто така предност, особено на сува или збрчкана кожа. Имено, таа не влегува во порите толку многу, не ги потенцира линиите, а сепак добро хидрира и дава боја. Голем број од овие формули содржат и сјајни честички кои даваат мало затемнување, па затоа е практично дури и кога не сме толку многу на сонце или се заштитуваме. Покрај тоа, тие често имаат заштитен фактор, што ги прави тонираните креми идеална пролетна и летна формула, која служи како шминка додека го храни лицето.

Прочитајте и: Тајни за убавината: Како се негува Емилија Кларк

loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време