Совети и трикови за шминка: Моливчето за очи на долниот очен капак ќе остави впечаток на големи очи

Црна, кафеава, сина, зелена, која било линија на горниот очен капак ќе му даде убав ефект на вашиот изглед, ќе ги врами очите и ќе им даде на трепките поцелосна и поубава форма, но многу жени не се осмелуваат да го исцртаат долниот очен капак со молив, бидејќи сметаат дека со тоа визуелно ќе ги намалат очите. Ова мислење е, се разбира, погрешно.

Молив на долниот очен капак – да, не или можеби?

Доколку правилно се нашминкате, молив на долните очни капаци може да остави впечаток дека вашите очи се поголеми.

– Техниката што ја претпочитам вклучува започнување со крем молив за очи што лесно го мачкам под очен капак со заоблена четка – вели познатата шминкерка Џени Патинкин и истакнува дека бојата е многу важна.

– Ја предлагам „taupe“ бојата затоа што тоа е комбинација од кафеава и сива боја што го имитираат изгледот на сенката. Со создавање на суптилна, хоризонтална линија под очите, се создава илузија дека долната линија на трепките е помала, така што очите изгледаат сѐ поголеми и поголеми – вели таа. Од друга страна, кога ќе го намачкате моливот со четка, ќе ја добиете вистинската текстура и изглед. Линијата не треба да биде дефинирана, туку малку заматена.

Прочитајте и: Дали правилно ги комбинираме кремовите со различни состојки?

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.