Сите немаат исти усни: Еве како правилно да ги истакнете вашите и да добиете посензуален изглед

Убавина

Совршеното нанесување кармин не мора да биде ноќна мора, дури и во летните денови. Еве како тоа го прават професионалните шминкери на познатите дами.

Лиза Елдриџ е една од најпознатите шминкери ширум светот, а меѓу другите е заслужна и за изгледот на актерките Лили Колинс и Дуа Липа. Лиза стана толку позната што ја лансираше и својата колекција кармини наречена “Fantasy Floral Lip Kits”.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lisa Eldridge (@lisaeldridgemakeup)

Сепак, за беспрекорно да нанесете кармин, не ви требаат скапи алатки, туку само неколку трикови на големите мајстори.

Пред да ги нашминкате усните, размислете каков стил ви се допаѓа. Дали претпочитате мат, сјаен кармин или усни исполнети со моливче? Само тогаш кога ќе откриете што најмногу ви одговара е време за шминкање. Кога станува збор за текстурата на карминот, има многу опции. Можете да го нанесете прво моливот, а потоа и карминот за мат изглед, или моливот, карминот, па сјајот за посочни усни. Ако нанесете сјај само на средината на усните, тие изгледаат пополни и поголеми.

Совршена апликација на карминот и формата на усните

Пропорционални усни

Малку се оние луѓе кои се толку среќни да имаат пропорционална долна и горна усна. И секоја шминка изгледа добро им стои. Покрај тоа, можете да нанесете било каква сенка. За ефектот намалување на фокусот на усните (доколку тоа го посакувате), користете повеќе неутрални нијанси. Во спротивно, доколку сакате усните да бидат во преден план, користете појаки кармини. Исто така, совет е да користите мат кармини, бидејќи сјајните дополнително ги истакнуваат усните.

Мала, округла уста

Сјајните кармини и сјаевите се идеална опција за вас. Посветлите тонови привлекуваат внимание и прават усните да изгледаат поголеми. Избегнувајте темни нијанси бидејќи визуелно ги намалуваат усните.

Полнета долна усна

Тоа е многу вообичаен облик на усни. Ако сакате да го намалите фокусот на долната усна, користете коректор за да ги покриете крајните делови на долната усна. Експертите за шминка советуваат да користите неутрални и мат нијанси, а средината на усните да ја освежите со посветли тонови.

Пополнета горна усна

Во овој случај, целта е да се создаде симетрија и рамнотежа со долната усна. Ова ќе го постигнете ако пред да ставите кармин, ги исцртате усните со молив. Користете посветли нијанси, како светло розова на долната усна за да создадете ефект на волумен. Избегнувајте сјај и светли кармини, бидејќи така горната усна ќе изгледа уште поголема.

Тенки усни

Немате полни усни? Нема проблем! Со помош на четка нанесете пудра во прав на усните. Следно, со моливче исцртајте ги, поминувајќи преку крајните делови за да создадете илузија на пополнети усни. После тоа, нанесете посветол кармин и изблендирајте со четка. Дури потоа нанесете ја кафеавата нијанса. Конечно, користете и сјај за да направите вашите усни да изгледаат пополнети.

Повеќе трикови за шминкање

Самиот кармин по себе мора да се вклпува со остатокот од шминката. Затоа, кога го нанесувате карминот, користете мала четка за да ја нанесете бојата и на образите. Нежно измешајте за да создадете одлична синергија.

Карминот можете да го измешате и со хајлајтер и потоа да ја нанесете таа боја на лицето. Ќе добиете освежен изглед.

За посвежа шминка, Лиза ги користи кармините наместо сенки за очи. Со помош на четка нанесува одредена боја на очните капаци, а потоа со прстите ја блендира во кожата. Потоа нанесува малку сјај за дополнителен “wow-effect”.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.