Шминкерот на Џенифер Лопез укажува на грешките што сите жени несвесно ги прават

Поради нив изгледате 10 години постаро

Ако некој ги знае сите тајни на шминкањето, тогаш тоа е тој!

Благодарение на спретните раце на Скорт Барнс, лицето на Џенифер Лопез секогаш изгледа совршено. Тој веќе со години е задолжен за шминката на латино-дивата, а сега ги споделил и грешките што жените најчесто ги прават благодарение на кои изгледаат неколку години постари.

Понекогаш многу подобро е да се држите до она што проверено дава добри резултати, отколку слепо да ги следите трендовите. Шминката може да го нагласи она што е најубаво на нас, но и да направи да изгледаме уморно и нечисто.

Еве на што треба посебно да внимавате за да не му додадете години на лицето.

Премногу силни контури на лицето

Контурирањето на лицето е техника што може да го трансформира целиот изглед на лицето, но само ако се користи на вистинскиот начин. Во спротивно ќе изгледате смешно.

„Силните контури на лицето се само знак дека слепо ги следите трендовите, целосно игнорирајќи го својот облик на лицето. Наместо да ги копирате познатите личности и начинот на кој тие нанесуваат бронзер, добро погледнете ги цртите на своето лице. Согледајте кој е обликот на вашето лице, па врз основа на тоа нанесете го овој производ. Оваа техника нема универзален начин на нанесување.“

Недоволно соединета сенка

Одличен начин вашето лице да изгледа уморно и нечисто е недоволно соединета сенка. Нанесувањето боја на очите е вистинска уметност, а сите бои мора совршено да се прелеваат без видливи премини. Доколку изостане овој чекор, очите ќе изгледаат уморно и безживотно. Доколку на сето тоа нанесете и голема количина на сенка, визуелно ќе изгледа како да имате брчки околу очите.

https://www.instagram.com/p/B4wCIU8Aotl/?utm_source=ig_embed

Невнимателен избор на бои

Внимавајте на тонот и поттонот на вашата кожа кога одбирате боја на пудра, руменило или сенка. Ова е особено важно при изборот на руменило. Не постои полесен начин да му додадете неколку години на лицето од лошиот избор на нијанси. Распрашајте се кои бои му стојат на вашиот тип кожа, па тогаш тргнете во шопинг. Вистинското руменило ќе му даде свежина на лицето и ќе го нагласи на вистинскиот начин.

Нанесување хајлајтер на погрешно место

Доколку нанесете хајлајтер над јагодиците, лицето ќе ви изгледа блескаво. Во сите останати случаи ќе направите голема грешка. Уште една грешка при нанесувањето хајлајтер е ставањето премногу производи. Повеќе слоеви од кој било производ ќе направи лицето да ви изгледа постаро одошто навистина е.

Премногу шминка во текот на денот

Слоевите шминка никогаш не се добра опција, особено не за дневни активности.

„Се ежам кога ќе видам жени со тон шминка“, изјавил Скот.

Ова е грешка што секогаш мора да ја одбегнувате. Природниот изглед секогаш е подобра опција.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.