Секоја девојка во торбата мора да ги има овие неколку работи: Бидете секогаш свежи и средени

Познато е дека женските чанти се полни со сè и сешто. Сепак, постојат неколку работи што мора да ги имате секогаш со себе за да бидете убави, привлечни и свежи.

ГРИЖА
Влажни марамчиња – добро ви доаѓаат во секоја пригода и скоро и да нема денови кога нема да ви требаат. Исто така, антисептик за раце не е лоша идеја.

Санитарни влошки или тампони – често се случува жените да го заборават датумот на последниот циклус или едноставно да ги изненади порано. Во торбата секогаш имајте резервна влошка или тампон.

Ханзапласт – кога ќе помислиме на ханзапласт во торбата, прва асоцијација ни се плускавците. Се разбира, ова не е единствената причина зошто можеби ќе ви треба во текот на денот.

Дезодоранс – понекогаш потењето може да биде многу непријатно. Со себе секогаш имајте соодветен дезодоранс или стик.

Парфем – да го освежите изгледот и да му дадете гламур на вечерно излегување.

Лак и турпија за нокти – секогаш имајте ги при рака. Особено ако вашите нокти се црвени, бургундски или друга темна боја, малку излупен лак на ноктите исто така ќе изгледа лошо.

Несесер со шминка

Лесна подлога за лице – кога треба да постигнете беспрекорен тен, неколку капки подлога ќе направат тенот да изгледа сјајно и рамномерно.

Руменило – нанесете го во тенок слој, само за да ги засенчите образите и да дадете дополнителен сјај на лицето.

Палета на сенки за очи – кога неочекувано ќе треба да се подготвите за вечерен изглед, со нивна помош ќе успеете да го постигнете тоа за неколку минути.

Маскара – секогаш ставајте барем еден слој маскара на трепките за да ги потенцирате очите. За вечерен изглед, додадете уште еден слој.

Сјај за усни – секогаш добредојден за да заблескате.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.