Разговор за убавината: Зои Блаж ни ги открива тајните на совршената шминка

Бидете убави и негувани

Тајните на убавината на Зои Блаж

Од моментот кога го замени микрофонот со коректор и четкички, Зои Блаж реди само успеси во светот на убавината како позната шминкерка чии совети сигурно ќе ви послужат…

Како изгледа твојата секојдневна рутина за убавина?

Бидејќи имам проблематична кожа, почнувам со миење и нанесување дерматолошки кремови. Задолжително користам пена или гел за миење и длабинско чистење на порите и потоа нанесувам крем за хидратација на лицето.

Без кои козметички производи не би можела да си го замислиш зимскиот период од годината?

Не би можела да почнам да се шминкам без прајмерот на „Кико Милано“. Имам две омилени пудри, едната е на „Худабјути“ и ја користам за дневна шминка,втората е на филмската козметика „Криолан“, која е подолготрајна. Следуваат транспарентната пудра што го матира лицето и сенките на „Револушн“. Обожавам контурирање и нанесување хајлајтер, а изгледот го дополнувам соприроден мат-кармин.

 

Како се шминкаш за опуштени дневни пригоди, а како за вечерни случувања?

Сакам да се шминкам нежно со розикави тонови. За дневна варијанта користам минимално црвенило, маскара, кармин и хајлајтер, но некогаш и туш, зависи од расположението. За вечерни варијанти, знам да ставам и поагресивна шминка, во зависност од тоа каде одам, што носам и како се чувствувам. Сепак, најмногу го обожавам природниот изглед.

Која е најголемата грешка што си ја правела кога си почнала да се шминкаш?

Мислев дека колку повеќе шминка ќе ставам толку помалку ќе ми се познава нафрленото лице, но важи спротивното. Имашеи периоди когаја цртав устата секогаш над линијата, а тоа не изгледало воопшто добро и вкусно. Сум забележала дека девојките најчесто грешат при одбирањето пудра и секогаш ги советувам да не ставаат шминка кога одат да купуваат пудра и да најдат нијанса што најдобро одговара на нивниот врат.

Како би ги советувала девојките да се нашминкаат за некој посвечен настан?

Едната варијанта е поедноставно нашминкани очи -туш и добри трепки, со впечатлив кармин, црвен, бордо или темновиолетов.Втората варијанта е нуд-кармин, понападни очи со светки и добро обликувани веѓи.

Разговарала: Марија Лукаревска

ФОТО: Приватна архива

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.