Проблем со убавината: Како да избегнете и лекувате акни предизвикани од носење маски?

Заштитете ја кожата

Заштитните маски сега се дел од секојдневниот живот и се чини дека ќе трае уште време и важно е да се справиме со еден многу непријатен несакан ефект од секојдневно и долгорочно носење маска – акни.

Тоа се болни акни кои се јавуваат во областа на брадата, образите и носот, најчесто како резултат на лошо „дишење на кожата“ под маската.

Иако можат да бидат непријатни , тие во никој случај не се доволно добра причина да се одбие заштитата среде пандемија, затоа еве неколку совети како да ги избегнете и во најлош случај да ги лекувате според дерматологот Ана Чиен од престижното медицинско училиште „Џонс Хопкинс“.

За почеток, важно е да се истакне дека луѓето со проблеми со кожата како што се розацеа, атопичен дерматитис, акни и разни алергии се повеќе склони кон ваков тип на акни, па затоа, ако спаѓате во оваа група, обрнете посебно внимание на следниве совети.

Маските се достапни на секој агол денес, но не е целосно сеедно кои ги користите. Избегнувајте синтетички маски по секоја цена, а доколку користите памучни, препорачливо е да ги миете со нежни детергенти бидејќи посилните можат да предизвикаат чешање, црвенило и осип.

Исто така, треба да се има предвид дека многу комерцијални маски за дезинфекција биле третирани со формалдехид, затоа не заборавајте да избегнувате такви ако сте алергични на оваа хемикалија.

Важно е да ги одржувате маските за еднократна употреба чисти затоа што маслата што се лачат од нашата кожа, плунка и пот кои се собираат на маските може да бидат главните виновници за појавата на акни.

Ако веќе сте наишле на вакви акни, користете нежни сапуни и вода за чистење на лицето (ништо миризливо и антибактериско) и ставете понежна хидратантна крема навечер. Додека ја носите маската, важно е да се создаде бариера помеѓу кожата и материјалот, па затоа се препорачува да се користат масти како што се вазелин или крем со цинк оксид. Бидејќи никој и онака не го гледа долниот дел од нашето лице, не е лошо да се откажете од декоративната козметика во пределот покриен со маската и со тоа да се спречи затнувањето на порите.

Прочитајте и: Трендови на шминка за пролет 2021 година

 

ФОТО: Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.