Пробајте: Маска за лице од портокал и сода бикарбона за блескава кожа

Направи сама

Сода бикарбона е бомба за ексфолијација на кожата и за отстранување на црнките. Додавајќи малку сок од портокал, ќе ги затегнете порите и природно ќе ја избелите кожата благодарение на витаминот Ц во составот на портокалот.

Подготовка:

  • Измешајте една лажица сода бикарбона со една лажица сок од портокал за да добиете густа смеса.
  • Нанесете тенок слој на лицето, вратот и на деколтето. Ќе почувствувате пецкање, но тоа е зашто маската дејствува. Оставете ја да стои 20 минути.
  • Намокрете ги врвовите од прстите и тријте со кружни движења за дополнителна ексфолијација.
  • Исплакнете го лицето и уживајте во неговиот свеж сјај.

Напомена: Може да забележите мало црвенило по миењето, но тоа ќе исчезне за кратко. Оние со осетлива кожа може да ја остават маската да дејствува пократко време.

Фото: Getty Images

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.