Природно избелување на забите дома: Еве како да постигнете блескаво бела насмевка во само неколку чекори!

Холивудска насмевка

Испробајте ги овие природни методи за избелување и заштедете многу пари

Избелувањето заби со години е популарен, но и прилично обемен финансиски трошок. Сите посакуваат блескава холивудска насмевка. Наместо да издвоите голема количина на пари, ви предлагаме да ги испробате овие природни алтернативи за избелување заби.

Јадете што повеќе намирници што придонесуваат за природна белина на забите

Верувале или не, честото консумирање одредени намирници може да ви помогне во избелувањето на забите. Целерот, јаболката, крушите и морковот го чистат каменот од површината на забите и превентивно дејствуваат против неговото насобирање, па би требало да ги јадете што почесто. Свежи, секако.

Ако не морате, не консумирајте работи што само дополнително ја влошуваат состојбата

Се разбира дека нема да можете секогаш да им кажете „не“, но ако сакате да ги избелите забите, добро е да знаете што треба да одбегнувате. Цигари, црвено вино, кафе и чаеви, се само некои од многубројните напаѓачи на блескавата насмевка, па добро би било да ги исфрлите од исхраната.

Одвреме-навреме, чистете ги забите со мешавина од сода бикарбона и свежо цеден лимон

Иако најчесто се користи во кујната, содата бикарбона може да ви послужи и како одличен сојузник во борбата за бели заби. Сè што треба да направите е повремено, но не почесто од еднаш во три недели, да ги измиете забите со сода бикарбона.

Измешајте сода бикарбона и лимон додека добиете густа смеса. Потопете ја четкичката во тоа и тријте ги забите околу 1 минута. Потоа, измијте ги забите и уште еднаш измијте ги со паста за заби.

Направете сами домашна паста за заби
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.