Позната шминкерка открива кои грешки ги прават жените со кафеави очи кога се шминкаат

Обрнете внимание!

Сенката и моливчето за очи можат да ви бидат најдобри пријатели, но и непријатели ако не ги одберете тие што ви одговараат

Кафеавите очи може да бидат мистериозни, егзотични, заводливи и полни со живот, но важно е како ќе ги нагласите со шминка.

Суштината на шминкањето на прекрасните кафеави очи е во изборот на производ што ќе ја нагласи, а не скрие нивната природна убавина.

Според експертите за шминкање, најчестата грешка што жените со кафеави очи ја прават е тоа што купуваат сенки во кафеави бои. Сите ги сакаат неутралните бои, но жените со темни очи мора да бидат внимателни и да не одбираат бои што ќе изгледаат бледо на нив.

„Одбегнувајте мат, кафеави сенки што се вклопуваат со вашата боја на очи. Честопати, жените со кафеави очи мислат дека кафеавата боја ќе изгледа природно на нив, но напротив, кафеавата сенка изгледа обично и рамно. Ако сакате да постигнете природен изглед, одберете сенка во бронзена боја со сјај или сивкаста нијанса, ако имате посветол тен“, објаснила шминкерката Џенифер Тротер.

Таа имала совет и за жените со потемен тен.

„Ако имате потемен тен, за вас идеални се златната и шампањ-бојата. Уште еден важен совет: секогаш одбирајте формула со суптилен сјај, а не светки. Овие сенки ќе ви ги отворат очите и ќе ја нагласат нивната боја“.

За шминкање „зачадени очи“, Џенифер порачува уште еден совет:

„Не купувајте црно моливче за очи само затоа што изгледа одлично на зеленооката Адел. За да постигнете зачаден ефект на кафеави очи, мора да размислувате надвор од кутијата. Црното може да изгледа лошо на вас. Пробајте темна боја на јаглен (сиво-сина нијанса) или тегет боја. Вашите очи навистина ќе блеснат.“

За крај, Џенифер ги предупредува жените со кафеави очи да не заборават на нијансите на кармините и руменилата.

„Не е добра одлука да користите беж и кафеави нијанси за усните и образите. Наместо тоа, одберете розови нијанси кои одлично ќе одат со сè.“

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време