Постојат 7 главни причини зошто вашата кожа е особено сува во текот на летото

Хидрирајте ја кожата

Иако ни се чини дека кожата е помасна во лето, на тој начин ги компензира изгубените масла од нејзината површина како резултат на клима, депилација, УВ зраци, хлор, морска сол и други причини. Прочитајте го упатството за како да го спречите ова.

Наспроти популарното верување, сувата кожа не е проблем единствено во зима. Всушност, летото сонце, топлина, депилацијата и климатизација доведуваат во комплетно нов сет на проблеми и причини за сува кожа. Од немилосрдно сончање до дополнително бричење и капење во базен и море, вашата кожа може да се претвори од хидрирана и еластична во лушпеста и груба за неколку часа.

Сувата кожа не само што е чувствителна и ве затегнува и мачи, може да доведе до предвремени брчки, а „Elite Daily“ ги носи причините, како и начини на кои можете сами да си помогнете.

По пливањето во базен и море, веднаш исплакнете се

Пливањето во жежок летен ден е омилена активност на повеќето луѓе, но може да ја оштети вашата чувствителна кожа ако не сте внимателни. Хлорот, но и морската сол, можат да го отстранат природниот слој на влага и масло на кожата и да ја остават сува и иритирана. Д-р Шари Сперлинг од Сперлинг Дерматологија препорачува да се исплакне со чиста вода веднаш по капењето за да се избегне иритација на кожата. Притоа, избегнувајте агресивни гелови или сапуни, бидејќи тие исто така можат да ја влошат дехидрираноста.

По долг ден сончање – хидратантната крема е задолжителна

И сончањето ве суши, иако понекогаш ни се чини дека сонцето ни дава само убава кожа. Сепак, затегнатата кожа не е нужно хидрирана, така што ако вашата кожа е веќе сува, тогаш нанесете хидратантна крема на влажна измиена кожа, која ќе ја врзува влагата подобро за кожата. Никогаш не го прескокнувајте овој чекор на нега и вашата кожа ќе ви биде благодарна и можете да користите производи наменети само за „после сончање“, со алое вера и слични состојки што смируваат.

Спречете го оштетувањето од сонцето со широк спектар за заштита од сонце

Нанесување крема за сончање со широк спектар со SPF од 30 или повеќе е важно во текот на летото – и повторното аплицирање на секои два часа е од витално значење, вели д-р Грин.

При изборот на крема за сончање, проверете дали етикетата вели „широк спектар“. Ова осигурува дека сте заштитени и од УВА и од УВБ зраците. Покрај тоа што ве заштитува од УВ зраци, примена на крема за сончање може да спречи предвремено стареење на кожата и да помогне во одржување на рамномерен тен на кожата.

Борете се со вишокот масло и потта со благо средство за чистење

Во текот на летото, вашата кожа има тенденција да биде малку мрсна поради дополнителната топлина и пот. Ова може да предизвика зголемување на појавата на акни, што може да ја иритира и на крајот да ја исуши кожата.

За да се запре тој процес, д-р Сперлинг препорачува употреба на благи средства за чистење. Користете мицеларни раствори, тоници со природни состојки без алкохол, термална вода со спреј и нежно млеко за чистење и повторно хидрирајте по секое чистење, инаку кожата повторно ќе се добие мрсна за да ги надомести маслата.

Ако постојано сте во климатизирана просторија, користете посилна хидратација

Нема кожа што климатизерите нема да ја исушат и ако постојано сте изложени на нив, изберете креми и производи означени како „богати“, бидејќи тие ќе навлезат во горните слоеви и ќе ви помогнат да ја задржите влагата. Не занемарувајте области како што се ушите и очните капаци, бидејќи тие исто така можат да станат суви, а доколку имате проблем со сувите очи – користете капки за оваа намена.

Пијте многу вода

Не постои дополнителен трик или алтернатива за ова, бидејќи само кожата хидрирана однатре може да изгледа хидрирана и однадвор. Во текот на летните месеци, д-р Грин препорачува да се ограничат кафето и алкохолните пијалаци кои делуваат како диуретици и да се пијат обична вода или чаеви за да се чувствувате и да изгледате подобро.

Прочитајте и: Маските за лице од глина се одлични, и еве зошто…

 

ФОТО: Getty Images

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.