Пет совети како да постигнете одличен и природен изглед без многу напор

Шминкерката Кејти Дено вели дека не се двоумете да пробате природни производи и слободно експериментирајте. Таа исто така истакна дека е многу важно да се користи природна маскара.

Чистата и природна шминка станува сè попопуларна. Козметичките брендови сè повеќе ги промовираат овие производи. Тие имаат ефикасност и моќ на задржување.

– Секогаш чувствував дека можеме да направиме подобро за себе и за планетата. И, сега индустријата за чиста убавина е фантастична и нема причина да не се испроба. Природниот пазар е толку голем, можете да најдете сè што ви треба – вели експертот за убавина и шминкерка Кети Дено.

Еве ги нејзините пет совети како да постигнете едноставен и сјаен изглед користејќи природна шминка.

1. Пронајдете ги вашите производи

Ако се двоумите дали да пробате нешто друго, Демно ве советува дефинитивно да експериментирате.

– Сè е во врска со читање рецензии и гледање на производи објавени од професионални шминкери. Научете од други луѓе кои го разбираат ова прашање. Информирајте се и не плашете се да експериментирате – вели Дено.

2. Прифатете ги „несовршеностите“

Многу брендови промовираат дека лицето не треба да биде покриено со пудра или коректор. Шминката не е за усовршување на кожата, туку за уметност на цртање на лицето.

3. Природна маскара

Додавањето слој на маскара може да ги разубави и отвори очите како и да ги направи поголеми, а користењето природни е од голема важност. Истражувањата покажаа дека употребата на природни производи за очи е многу важна бидејќи областа околу очите најлесно ги апсорбира хемикалиите што доаѓаат во контакт со таа област.

4. Користете мелеми

Користете природни мелеми затоа што тоа е нешто што обично го применувате неколку пати на ден. Тие се одлични за почетници и лесни за примена. Пронајдете таков што добро ви одговара и кој ви се допаѓа.

5. Сакајте го сјајот

Тоа помага да додадете димензија и да го подигнете изгледот. Ако имате мрсен тен, прифатете го тој природен сјај и уживајте во него, а ако имате сува кожа можете да користите различни креми за да постигнете поголем сјај, вели Дено.

Прочитајте и: Како да користите ролер за лице?

 

ФОТО: Getty Images

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.