Овој минерал е незаменлив за вашата кожа: Кажете им збогум на токсините, нечистотиите и акните!

Природата во служба на негата

Способноста на зеолитот да ги собира и неутрализира тешките метали и другите токсични материи го прави исклучително пожелна состојка за нега на вашата кожа

Зеолитот е минерал кој е многу силен детоксикатор, бидејќи има способност длабински да ги извлекува на површина токсините, нечистотиите, но и тешките метали во кожата, кои многу често се собираат во порите. Исто така, се покажал и како многу делотворен во намалувањето и отстранувањето мозолчиња, акни, иритација на кожа и митесери. На кожата ѝ го враќа сјајот, тонусот и природната отпорност на штетните агенси.

Животната средина и големото загадување во кое живееме, за жал, не ја заобиколува ни нашата кожа – во неа се насобираат загадувањата од надворешната средина во вид на издувни гасови, смог и прашина, кои се полни со тешки метали.

Овој минерал, поради своите силни детоксикациски дејства, пожелно е да се вклучи во секојдневната нега на кожата. Тоа може да го направите така што ќе приготвите пилинг или маска за лице од зеолит.

Маска за длабинско чистење и хидратација на лицето

За оваа маска потребно е да помешате една лажица зеолит, лажица вода и лажица масло од јојоба. Наместо вода, можете да користите и чај од невен, коприва или камилица, бидејќи сите три имаат смирувачко дејство на кожата. Нанесете ја маската на малку намокрена кожа и почекајте да се исуши, а потоа измијте го лицето со млака вода.

Пилинг од зеолит за чистење и детоксикација на осетлива кожа

За овој пилинг ќе ви треба лажиче хидратантен крем, лажиче вода или растителен чај, лажиче зеолит и лажиче јачменови снегулки. Добро измешајте ги сите состојки и нанесете ги на лицето, со бавни кружни движења неколку минути. Потоа, измијте ја кожата со млака вода.

Дали страдате од мозолчиња на скалпот? Еве неколку совети кои ќе ви помогнат да се ослободите од нив
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.