Овие нијанси на кармин ќе ги направат вашите заби посветли

Веројатно веќе знаете дека бојата на вашиот кармин во голема мера влијае на изгледот на целото лице, па дури и на бојата на забите. Некои тонови на кармини ќе направат вашите заби да изгледаат потемни, а од друга страна, одредени бои ќе ја истакнат нивната сјајност и ќе ги направат побели.

Шминкерите се согласуваат дека постудените тонови (сини или виолетови) визуелно ги осветлуваат забите, додека потоплите (златни и портокалови нијанси) прават забите да изгледаат жолти, па затоа треба да се избегнуваат. За празнична пригода, изберете кармин во боја на бобинки – боровинки, малини, капини…

За да одите на работа или на кафе со пријателите, користете нежна, розова нијанса на усните. Ако не можете да одолеете на црвената боја, одлучете се за онаа што има син подтон. За да не се размачка карминот, линијата на усните треба прецизно да се контурира со молив во иста боја.

Но, без оглед кој кармин ќе го одберете, имајте предвид дека најважно е усните да бидат негувани. Ниту еден кармин нема да изгледа убаво на сувите и испукани усни, а белите заби нема да можат да дојдат до израз. Носете мелем за усни или масло во торбата затоа што секогаш ќе можете да им обезбедите соодветна хидратација.

Прочитајте и: Во време на пандемија: Како да го задржите карминот на усните

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.