Оваа маска брише 10 години од лицето прекуноќ: Се прави само од 2 состојки, а ги отстранува и најдлабоките брчки!

Природно

Оваа чудотворна маска ги брише дури и најдлабоките брчки, ја затегнува кожата, ѝ го враќа сјајот и длабински ја хидрира

Замислете да не морате да трошите пари на скапи третмани и кремови, а лицето да ви изгледа младолико, затегнато и сјајно. Добрата вест е што сето ова е возможно, благодарение на оваа маска за лице.

Она што ви треба можете да го најдете во кој било маркет, а освен тоа, многу е едноставна за правење. Ќе ви заштеди и време и пари, а резултатите ќе ве изненадат. Поради составот и својствата што ги имаат состојките на оваа маска, морковот и медот, и дерматолизите ја препорачуваат како дел од рутината за нега на кожа. Докажано ги ублажува и најдлабоките брчки и го храни лицето.

Морковот е исклучително богат со бетакаротен, чии позитивни својства на сите ни се добро познати. Тој е задолжителен дел од составот на речиси секој крем за заштита од сонце и УВ-зрачење.

Портокаловата боја на морковот му ја дава каротинот, кого го нема во толкава мера во ниту еден друг зеленчук. Каротинот благотворно дејствува на кожата, особено на сувата, како и на кршливите нокти и коса. Од оваа супстанција настанува значајниот витамин А, кој во голема мера го има во морковот. Овој витамин не се нарекува залудно „витамин на младоста“.

Во комбинација со мед, овие нутриенти даваат фантастичен резултат во борбата против брчки, но и ја хидрираат и хранат кожата и ѝ ги враќаат сјајот и еластичноста.

Морковот изобилува и со други витамини. Тоа, пред сѐ, се витамини од групата Б (Б1, Б2, Б5, Б6) и ПП, Д, Е и Х.

За приготвување ќе ви требаат 2 лажици мед и еден поголем морков.

Добро измијте го и излупете го морковот, а потоа сомелете го во блендер додека се претвори во каша, додајте мед и сето тоа уште еднаш добро измешајте го за да стане смесата воедначена. Нанесете ја на целото лице во подебел слој и оставете ја да дејствува 30 минути. Потоа, измијте ја кожата со млака вода.

Ефектите ќе бидат видливи по еден месец доколку ја нанесувате маската 2 пати неделно на лицето.

Маска од банана и краставица ги брише брчките и темните дамки од лицето
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.