Ова е правилниот редослед на нанесување шминка: Научете да се шминкате како професионалец!

Корисни совети

Дали постои правилен редослед на нанесување шминка? Ова е едно од најчестите прашања во светот на убавината, а одговорот е – да, постои!

Иако не постои официјално единствен пристап, постојат насоки за поефикасен редослед на нанесување препарати за ефектот и трајноста на шминката да бидат што подобри.

Прв чекор: Прајмер за лице и капки

Откако сте го измиле лицето и сте ставиле хидратантен крем, нанесете подолга (прајмер) за лице. Подлогата го воедначува тенот, го олеснува нанесувањето шминка и овозможува шминката подолго да остане на лицето. Посебната формула на подлогата помага да се намали црвенилото или брчките. Прочитајте го описот на секоја подлога за да ја одберете најдобрата за вашиот тип кожа. Постои и подлога за капки, која дополнително ја стабилизира сенката.

Втор чекор: Течна и камена пудра

Шминкањето започнува со нанесување течна или камена пудра, зависно од кожата. Доколку е помасна, прашливата пудра подобро ќе ви го матира лицето. Ако повеќе ви годи течна, задолжително нанесете пудра за сетување, опишана во четвртиот чекор. Течната пудра можете да ја нанесете со блендер или со силиконска четка со кратки влакна што нема да ја впие и размачка шминката.

Трет чекор: Коректор

Коректорот се става пред камената пудра, но после течната. Се нанесува на деловите од лицето што течната пудра не ги покрила целосно. Ако имате потемни подочници, нанесете коректор во облик на буквата V под очите и, секако, врз акните и флеките.

Четврти чекор: Пудра за сетување шминка

Пудрата за сетување може да биде проѕирна или во боја. Служи за фиксирање на течната пудра и на коректорот и го спречува нивното размачкување. Го впива вишокот маснотии и прави воедначена мат-површина за понатамошно шминкање.

Петти чекор: Контурирање и хајлајтер

Контурирањето или сенчењето служи за да ги истакнете деловите од лицето што ги сакате или да ги сокриете оние што не ги сакате, со комбинирање на темна и светла шминка. Многу дами користат бронзер за извлекување темни контури,, но за правилно сенчење, подобро е да користите бои од палета за контурирање. Со хајлајтер и со прецизни четки лесно ќе нанесете светли нијанси, кои ќе ги нагласат деловите на лицето.

Шести чекор: Бронзер и руменило

Бронзерот служи да му даде топлина на лицето, но многу дами го користат и за контурирање. Ако извлекувате контури со него, користете четка со пократки цврсти влакна за прецизност и внимавајте да биде матиран. Ако го нанесувате за исончан изглед, може да содржи и светки. Руменилото се нанесува после бронзерот, но одберете боја што одговара на вашиот поттон на кожата.

Седми чекор: Веѓи

Пред сенката оди дотерувањето на веѓите. Пополнете ги вегите со моливче, крем или сенка за да изгледаат погусто и пополно.

Осми чекор: Сенка за очи

Ако сѐ уште не сте нанеле прајмер за капки, сега е моментот. Тој ќе ви го олесни прецизното и воедначено шминкање, а сенката подолго ќе остане на своето место.

Деветти чекор: Моливче за очи и маскара

Пред моливчето за очи, исчешлајте ги трепките за да ги подготвите за маскара. Со неколку трикови за нанесување моливче, прецизноста нема да ви биде проблем. Кога ќе се исуши моливчето, нанесете маскара на исчешлани трепки.

Десетти чекор: Моливче за усни

Пред дотерување на усните, нанесете балсам. Шминката нема да ви закочува, а усните ќе ви бидат меки и хидрирани. Дефинирајте ги рабовите со моливче, а потоа со коректор покријте ја потемната пигментација околу усните.

Единаесетти чекор: Кармин и сјај за усни

Карминот и сјајот одат на самиот крај. За бојата на карминот подолго да трае, нанесете врз карминот малку проѕирна пудра за фиксирање.

Среќно шминкање!

Феноменален трик на холивудските шминкери: Оваа техника на шминкање ги брише подочниците за минута! (ВИДЕО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.