Освежување на изгледот: Шминка во пастелни бои!

Освежете го вашето лице

Разбијте го зимското сивило со освежувачка шминка во пастелни бои

Шминката е најубавиот, најкреативниот и наједноставниот начин да внесете ситна, освежувачка промена во вашиот изглед. Целосно освежување на вашиот изглед ќе му дадат сенките за очи во пастелни бои, кои се идеални за разбивање на зимската монотонија.

Со текот на времето, нашиот начин на шминкање станува сè похрабар, па вистински предизвик ќе ви биде да се поиграте со сенки во интензивни бои.

Секако, доколку одлучите да ги нагласите очите со некоја пастелна нијанса, остатокот од вашата шминка би требало да биде неутрална и минимална, за да го насочите целото внимание на вашиот заводлив поглед.

Неочекуваните бои на очите ќе му дадат доза на кокетна романтика на вашиот изглед, а вие ќе зрачите со женствена самоувереност.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.